Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-03-29, 9:23 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили

Тест - Информации [0] Текстови [26]

Sites in section: 26
Shown sites: 1-20
Pages: 1 2 »

Внатрешна Македонско Револуционерна Организација(ВМРО)

ВМРО е револуционерна организација која е основана на 23 октомври 1893 г. (според стариот календар) во Солун. Целта на оваа организација е добивање на автономија за Македонија и  Одринска Тракија преку револуционерна борба. Основачи на ВМРО се шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров.

vmro_osnovachi

На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на Организацијата (во почетокот на 1894) и се конституирал Централниот комитет со претседател д-р Христо Татарчев и секретар Дамјан Груев. Била изградена мрежа на Организацијата во поголемите центри во Македонија. Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери.

Во летото 1894 г. во било одржано Ресенското советување на членовите на ЦК и на делегатите на месните комитети посветено на организациони и на тековни прашања за револуционерно дејствување. Биле формирани три револуционерни окрузи: Солунски, Битолски и Скопски. Организацијата изградила (до есента на 1895) разгранета мрежа во сите делови во Македонија и прогласила сувереност на организационата територија, спречување на дејствувањето на други организирани групи со исти цели во Македонија. Македонските комитети формирани во странство можеле да дејствуваат исклучиво во рамките на МРО.

500px-sloboda_ili_smrt_logo-svg

По формирањето на Македонскиот комитет во Софија (подоцна преименуван во Врховен македонски комитет, 1895), ЦК на МРО веднаш побарал тој комитет да ја сообрази својата активност со потребите на МРО и да работи како помошен комитет. Софискиот комитет продолжил да дејствува како паралелна организација во македонското револуционерно движење. Во почетокот на 1896 г. Делчев пристигнал во Софија во својство на официјален претставник на МРО да работи за спречување на мешањето на бугарските државни фактори во македонското ослободително дело. Претседателот на Софискиот комитет генералот Данаил Николаев бил предупреден дека МРО нема да ги толерира активностите и акциите преземени во Македонија. Грција и Србија го засилиле пропагандното дејствување и се експонирале како непријателски сили кон македонското ослободително дело. Во така неповолно опкружување за поефикасно водење на ослободителната борба, а со оглед на тоа дека и бугарското население во Одринско се наоѓало во иста положба и влегувало во границите на Егзархијата, МРО се определила да го организира и тоа население за извојување автономија на Македонија и на таа област.

tekstot_na_zakletvata_za_priem_na_novi_clenovi_vo_organizacijataНа 5/12. јануари 1896 година се одржал Солунскиот конгрес со учество на првите луѓе на Организацијата: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов и др. На конгресот, била усвоена нова политичка стратегија и тактика во дејствувањето. Конгресот усвоил нова управна поделба и територијална организација и промена на организациското името во Тајна македонско – одринска револуционерна организација (ТМОРО). Месните комитети биле ополномоштени да вршат просветување на жените и создавање масовно народно движење. Усвоените промени биле вградени во актите и Уставот и внатрешниот правилник.

sloboda_ili_smrtПо Конгресот започнало забрзано создавање вооружени чети, ударната оружена сила на Организацијата за одбрана на територијалниот интегритет од туѓи вооруж ени чети и групи во Македонија. Бил донесен и посебен Правилник (1900) за четите со кој било регулирано формирањето, раководењето, употребата, како и борбената обука. Нивните припадници – комитите носеле униформирана народна комитска облека и обележје за припадност. Вооружените сили ги раководел Делчев, кој го основал и изградувал Четничкиот институт , со надлежност на врховен инспектор. Организацијата имала тајна пошта и тајна полиција, создала функционални месни органи и тела. На целата територија на Македонија (до почетокот на 1903) Организацијата имала воспоставено ефективна власт на тајна држава во државата или подземна република.

На Солунскиот конгрес од 1903 година било донесеното решение за кревање востание, во отсуство на Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Сандански и други водечки личности на Организацијата. Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ ја потврдил одлуката за кревање востание. Востанието раководено од Главниот востанички штаб почнало на Илинден 1903 и прераснало во македонска сенародна борба за ослободување и за создавање самостојна македонска држава, највисокиот дострел во дејствувањето на Македонската револуционерна организација.

По Илинденското востание силно се манифестирале внатрешните поделби. На Општиот рилски конрес (во почетокот на 1905) само привремено било воспоставено единството на Организацијата. На Конгресот бил отфлен квалификативот тајна од името и Организацијата продолжила да дејствува под името:Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО).

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Од сите историски извори, античкиот историчар Диодор Сикулски дава најдетален опис на погребната кола и на целата погребна церемонија на Александар Македонски:

164713_1614472196134_1066193764_31459183_7225588_n

“Првин со чекан направиле златен ковчег, според големината на телото (на Александар); него до половина го исполниле со миризливи материи, за да шири пријатна …миризба и да го сочува телото од распаѓање. 
Над ковчегот поставиле златен капак, така точно прилагоден, што ја опкружувал целата надворешна страна (на ковчегот). Над сето ова префрлиле порфирана прекривка, прекрасно извезена со злато, околу неа се наоѓало оружјето на починатиот, со што се давал увид во делата што тој ги извршил.  
Потоа довлекле кола, на којашто требало да се пренесува телото, на горниот дел од колата се наоѓала златна сводеста “одаја“, направена од скапоцени камења, таа била долга осум, а широка десет лакти.  
Под врвот на сводот од одајата се наоѓал квадратен златен трон, на кој биле претставени глави од “трагелафи“ во величина од две дланки, на прстени, како украс биле прицврстени разнобојни венчиња, како цветови. На врвот имало мрежеста завеса, на која виселе огромни ѕвонци, за да може од далеку да се слушне дека колата се наближува.
На аглите од сводот, на секоја страна стоела ПОБЕДА, со трофеј во рацете. Сводот бил држен од златен перистил со јонски капители, внатре во перистолот, се наоѓала златна мрежа, со дебелина од еден прст над којашто паралелно биле поставени по четири плочи, на коишто имало претставени фигури, овие плочи биле еднакви по величина со ѕидовите на “гробната одаја“.  
На првата плоча се гледа колесница, богато изработена од метал, а на неа седи Александар со убав жезол во раката и околу кралот под оружје врви Македонската гарда и Персијци наречени “мелифори“, пред нив оделе војници што го носеле оружјето.  
На втората плоча била претставена колона слонови, украсени според воениот обичај, на нив, на чело јавале Индијци, а одзади Македонци со нивното вообичаено оружје. На третата плоча се гледаат коњичките чети, кои што прикажуваат како се развива една битка.  
На четвртата плоча се претствени кораби, подредени за битка. На влезот од оваа “одаја“ се наоѓале златни лавови, кои како да гледале во оние, што влегуваат внатре. Од средината на секој столб нагоре, се до капителите се издигал златен акант. Над “сводестата одаја“ над средината на сводот, на отворено бил прострен порфилен килим, на кој што била положена голема златна круна со маслинови гранчиња кога сонцето со своите зраци ќе ја допрело, создавале молскава и треперлива светлина, така што одвреме, навреме, како да предизвикувала молњиж. 

Mid-nineteenth_century_reconstruction_of_Alexander_2

Од страните на колата, над која што се наоѓала целата оваа градба, стрчеле по две оски, на кои што се вртеле четири персиски тркала, чии што пречки биле позлатени, на само оној дел од тркалата, што допирал до земјата. Крајните делови на оските, што стрчеле биле од злато и на нив имало златни лавовски глави, чии што усти држеле копје.  
Околу средината на должината на колата, во средишниот дел на “одајата“ , се наоѓала механичка оска, која што на сета оваа градба и давала рамнотежа, за да може колата да се движи без нишање и на нерамни места. Имало четири процепа,а на секој од нив бил прицврстен четворен ред јарем, на секој јарем јарем биле врзани по четири мазги, такашто вкупниот број на мазгите бил шеесет и четири, а тие биле највнимателно одбрани според големината и силата.  
Секоја мазга на главата имала позлатена круна која од двете страни на устата им виселе по две ѕвона и околу вратот имале ѓердани од скапоцени камења. “

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

На Антипатар ми било етикирано за лошо владеење во име на владетелот во отсуство и затоа на Антипатар му било наредено од страна на Александар Македонски да дојде во Вавилон за да се одбрани од тие клевети. За лошото владеење од страна на македонските благородници со сигурност се знае дека Александар ги погубувал  па затоа Антипатар го праќа неговиот син Касандар како негов бранител. 

Касандар кога стасал во Вавилон увидел можност и му наредил на својот помал брат кој служел како паж (слуга од доверба) кај Александар да го отруе Хефестион и со тоа да го проба ефектот на отровот што го донел со себе. Причината за смртта на Хефестион не се утврдила никогаш. 

алеџандар - смртАлександар во главниот град на својата огромна империја, Вавилон почувствувал дека е опкружен со непријатели, а најмногу се плашел од синовите на Антипатер, Јол и Касандар. Овде присуствувал на многу пиенки што придонело тој да се разболе.

Во Вавилон, Александар Македонски лично го надгледувал градењето на една поморска база, каде Македонци, Вавилонци, Индијци и Персијци работеле и ги учеле од Феникијците највештите бродоградителски вештини. На една од прославите во чест на пуштањето во работа на нивната нова база  Александар добил треска на една вечер на која обилно да пие.

По неколку месеци кога ситуацијата за смрта на Хефестион била стишена и Александар Македонски бил отруен на истиот начин како и Хефестион од страна на помалиот брат на Касандар.

Надвор пред одајата на Александар, војниците чекале добра вести и кога сфатиле дека здравјето му се влошува, замолиле да влезат и да се збогуваат со него. Додека војниците се собирале крај неговиот кревет, тој бил премногу омалаксан за да зборува – но им возвратил на нивните поздрави и на секој од нив му посакал се најдобро, кимајќи со главата, мавтајќи со рака или трепкајќи со очите. На 13 јуни 323 г.п.н.е, Александар починал во Вавилон. Тоа било само еден месец пред да наполни 33 години. Целата Македонска војска поминала покрај мртвото тело на својот голем војсководец.

grobnicata-na-aleksandar-06Во тоа време се појавил и сомнеж дека Александар бил отруен, така што мајка му Олимпија наредила да се убијат мнозина. Најголем сомнеж паднал на Јол за кои се мислело дека го подготвил отровот. Некои пак тврделе дека зад сево ова стои Аристотел кои го набавил отровот, па преку Антипатар стигнал до Јол.

Пред да умре Александар го прашале кој да го наследи, а Александар одговорил КРАТЕРОЈ , а НЕ нај силниот. Желбата на Александар Македонски не била усвоена и одобрена од амбициозни генерали како што е Алехандрој – ΑΛΕΞΑΝΔΡOY, Филипој – ФIΛIППОY и КРАТЕР – KPATEPOY, кои дотогаш не само таа и многу заповеди на Александар Македонски не ги одобрувале.

Кога Александар умрел, Роксана носела негов син и била особено почитувана, а неговата друга жена Статира била убиена токму од неа.

165308_1614479756323_1066193764_31459192_1035301_nПо смрта на Александар неговата држава се распаѓа на три дела: династијата Птолемаидите ќе го превземе Египет, Антигонидите – Македонија , а Селевкидите – Блискиот Исток. Александар егзистира како митска личност во митовите на многу европски, азиски и афрички народи.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Битката кај реката Хидасп се одиграла 326 п.н.е помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (санскрит: Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.

 – Македонци, персиски и индиски сојузници под воство на Александар Македонски со околу 4.000 коњица и 50.000 пешадија и 2.700 војска под водство на Кратер кои играле диверзиона улога.

  – Пор со 200 бојни слонови, 6.000 коњица и 30.000 пешадија.

Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан.

Пор влaдeтeлот на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар Македонски почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар Македонски собрал мала војска и ја преминал реката 17 км низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сe уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.

a20

Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместено на десното крило, но Александар Македонски пратил група коњаници да ги заобиколи Индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите.

Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар Македонски. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Така Александар Македонски морал да ја промени неговата стратегија.

Александар Македонски ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар Македонски го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја подржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.

Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар Македонски успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата, се предал.

Пор бил висок речиси 210 см и еден од многуте Индијци кои го импресионирале Александар Македонски. Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сe уште на нозе, тој бил запрашан од Александар:

” како би сакал да биде третиран.”

Одговорот бил:

„какo владетел“, така отогаш и се однесувле македонците со Пор

a21Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека Индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар Македонски изгубил дури 4.000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.

Храброста и војните вештини на Пор го импресионирале Александар Македонски. И покрај тоа што Пор бил поразен, Александар Македонски му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалеката точка кај што Александар Македонски стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.

Иако Александар Македонски успеал да ја освои само северозападна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.

Kако резултат на оваа битка Александар Македонски основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар Македонски, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

После смрта на Спитамен и бракот со Роксана (Рошанак на Бактриски), Александар ги зацврстува своите нови позиции во Централна Азија. Во 326 г.п.н.е. Александар конечно е подготвен да се посвети на освојувањето на Индија. Александар ги повикува сите водачи на племињата од Гандара, територија на север од денешен Пакистан, да му се покорат и да тргнат со него на пат кон Индија.

Походот на индиоја (1)

Во раното лето во 327 година, Александар ја напуштил Бактрија и со засилена армија се упатил кон Индија. Тие поминале низ Хинду Куш, а потоа дел од неговата армија командувана од Пердика и Хефестион поминала низ преминот Кубер, а Александар се упатил кон северните планини. Тој брзо напредувал и откако го освоил Аорнос тргнал кон Сват и Кандахара кои што исто така за кратко време ги освоил.

Во пролетта 326 година пне влегле во Таксилија и се соочиле со нејзиниот владетел Таксил. Место војска таму ги пречекал кралот лично и откако се поздравил со Александар му рекол дека нема потреба да се бори со него затоа што ако има повеќе леб ќе го подели со него, а ако не нема да се срами да прими. Кога го слушнал ова Александар се изненадил и му рекол дека и покрај мудрите зборови тој сепак нема да помине без битка туку ќе се натпреварува со него во правење добри дела и му подарил 100 000 таланти со што ја добил битката.

По ова Александар се соочил со многу повоинствениот владетел Пор. Бидејки непријателската армија била на спротивната страна на реката Хидасп, Александар зел дел од својата пешадија и најдобрата коњаница и тргнал по течението на реката.

Походот на индиоја (2)1Бидејки ноќното небо било многу облачно и почнало да врне и да трештат молњи, преминувањето на Хидасп не било многу лесно, а некои војници пак загинале од молњите. Откако ја преминале реката, Александар со својата коњаница се оддалечил дваесетина километри од пешадијата, а кога слушнал за ова Пор веднаш го нападнал.

Битката траела десет часа, но на крајот Александар сепак победил. Непријателот ја имал таа предност што кога ќе почувствувал опасност можел да се скрие на средината на слонот, а Поровиот слон бил толку умен што и точ самиот се борел против Македонците.

Откако го заробил Пор, Александар го поставил за негов сатрап на земјата со која владеел, а згора на тоа под негова власт му се додале и уште неколку градови. На другите места за сатрап бил поставен Филип.

Во Индија, македонската војска претрпела големи загуби. За разлика од Персија кадешто угнетуваните луѓе го дочекувале Александар како ослободител, во Индија слободољубивиот народ дал силен отпор.

Походот на индиоја (3)1Во јуни истата година Александар ја извојувал својата последна голема победа на левиот брег на реката Хидасп. Таму му умрел коњот Букефал, којшто бил многу стар 30 години. Набргу потоа Александар изградил град и во негова чест го нарекол Букефалија.

Подоцна кога му умрело и кучето Перита изградил град и во негова чест, а за да ја означи оваа победа го изградил градот Никеја. После битката со Пор, моралот на војската на Александар опаднал за понатамошни походи.

А покрај се, тие требало да се соочат со далеку помоќен непријател. Војската на Александар имала на располагање околу 20 илјадна пешадија и околу две илјади коњаници. Војската отворено се спротиставиле на инсистирањето на Александар да ја преминат и реката Ганг, која била широка, како што тие слушнале, 6.5 километри (32 фурлонга), со длабочина од 183 метри (100 фата). А пак од другата страна на реката ги чекала силна армија од добро вооружени и воинствени пешадијци, коњаници и слонови. Некои дури извори велат дека кралевите на Гандерит и Праеши ги чекале со армија од 8 илјади коњаници, двесте илјади пешадија, 8 илјади борбени кочии, и 6 илјади борбени слонови. – Плутарх, Вита Александри

Походот на индиоја (2)1Александар, после состанокот со неговиот офицер Коенус, бил убеден дека е подобро да се откажат од понатамошни походи и да се вратат назад. Александар бил приморан да сврти на југ. На патот кон југ војската се судрила со кланот Мали, (во денешно време Мултан). Кланот Мали бил еден од највоинствените кланови во Индија во тој период. Но војската на Александар после жестоките битки го покорува кланот Мали.

Во едне од налетите на утврдувањета Александар бил сериозно ранет од стрела. Неговата војска, мислејќие дека нивниот крал е мртов, ја завземаат тврдината и го искалуваат нивниот бес на заробениците.. После ова, Мали бил окупиран од војската на Александар, а главницата продолжила со движење . Поголемиот дел од својата армија Александар ја насочува кон Карманиа (во денешно време јужниот дел на Иран) на чело со генералот Кратер, а еден дел гради флота за да го истражи Персискиот залив под воство на адмиралот Неарх, додека со останатиот дел од војската се враќа назад во Персија по јужната рута низ пустината Гедрозија (во денешно време дел од јужен Иран и Макран во јужен Пакистан).

Походот на индиоја (3)1Александар дел од своите сили оставил во Индија. На територијата на Индус, тој го номинирал неговиот офицер Пејтон како сатрап, позиција која тој ја задржал следните десет години се до 316 г.п.н.е., а во Пенџаб тој го оставил генералот Еудемус како командат на војската под владение на Пор и Таџили. Еудемус станува господар на Пенџаб после смртта на овие двајца. И двајцата валдетели (Пејтон и Еудемус) се враќаат на запад во 316 г.п.н.е. со нивната војска, а на нивно место Чандрагупта Мауриа го формира Царството Мауриа в Индија.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Откако Александар седнал на Дариевиот престол својот поход го продолжил кон централна Азија. Поголемиот дел од војската го оставил, а со себе зел 20 000 војници пешадија и 3 000 коњаника. Тој поминал низ планината Елбурз и стигнал до брегот на Каспиското езеро каде ги освоиле градовите Задракарта и Хирканија. Овде му се предале група од сатрапи и персиски благородници.

Hym_n_e, l'Amour et Alexandre offrant la couronne _ Roxane

Во овие краишта некои варвари ги нападнале Александравите луѓе и меѓу другото го украле неговиот коњ Букефал. Кога Александар разбрал за ова се разбеснил и се заканил дека ќе ги испотепа сите сосе жени и деца но набргу се смирил откако Букефал му бил вратен.

По ова продолжил низ Партија кон запад и ги покорил Маердите, планински луѓе кои живееле на планината Елбурз, а во Ариа ги покорил Сатибарзаните и ја изградил Арианска Александрија.

Потоа Александар тргнал јужно и ја покорил и Фрага во Дрангиана, но таму повеќе несреќи одошто радост ги снашле Македонците. Филиота бил најомилен кај Македонците по Александар. Исто како и неговиот крал така и тој ги опсипувал луѓето со подароци што не доликувало на обичен човек. Кога Александровата армија ја освоила Киликија, Филота задржал за себе една убава девојка по име Антигона. Тој често го минувал времето со неа и постојано и се фалел дека сите места што Македонците ги освоиле се по негова заслуга и по заслуга на неговиот татко Парменион и при тоа го навредувал Александар нарекувајки го копиле. Александар дознал за ова и иако имал доволно докази против него сепак ништо не презел но на Антигона и наредил да го известува за се.

Некој Македонец по име Лимно ковал заговор против Александар и сакал да придобие некое момче да му биде соучесник, но тоа не само што не сакало туку и веднаш отишло да го извести Александар за ова. Откако побарал Филота да му каже на Александар дека сака да го извести за нешто и откако овој повеќе пати го одбил, момчето се посомневало во него и преку друг Александров пријател било примено кај него. Откако го известил кралот дека Лимно кова заговор против него, уште и му го кажал однесувањето на Филота.

Веднаш по ова Александар пратил некој војник да го фати Лимно но бидејки тој се бранел бил убиен. Александар не бил задоволен од ова оти не можел да докаже дека и Филота учествувал во заговорот, но разгневената војска сепак го фатила Филота и откако го осудила тој бил убиен. Александар пак веднаш пратил свои луѓе во Медија со наредба да го убијат Парменион.

Од Фрага во зимата 330-329 година пне, Александар ја поминал реката Хелманд, преку Арахосија стигнал во Паропамисад која ја покорил и во неа основал уште еден град Александрија.

За ова време Бесо престојувал во Бактрија каде сакал да крене востание против Александар и си го присвоил називот голем крал. Бидејки македонската армија немала доволно храна се насочиле кон Драпаска. Бесо се дал во бегство кога чул за ова и отишол дури зад Оксус. Македонците продолжиле и понатаму кон запад до Бактрија и Ариа каде што наименувале верни сатрапи. Генералот Птоломеј бил пратен да го гони Бесо и откако го фатил го однел во Бактрија и според персиските обичаи му биле исечени обете уши и носот а потоа бил расчеречен меѓу две стебла во Ектабана.

Од Мараканда, Александар ги освоил сите места се до Кирополис, а ја поминал и реката Орексарта каде што ги победил Скитските номади со употреба на катапулти па потоа ги бркал стотина километри.

За време на престојот во Мараканда се случил уште еден немил настан. На една пијанка некои Македонци почнале да пеат песни со кои ги исмејувале Македонците кои пред неколку дни претрпеле пораз од Персијците. На ова најмногу се налутил Клито многу близок Александров пријател, но откако кралот му рекол дека не треба да се лути затоа што и тој е страшливец во борбата, Клито пламнал од гнев и почнал и нему да му вика дека ако тој не бил, Спитридат уште на Хиронеја ќе му ја скинел главата по што Александар што пийан, а што навреден го зел копјето и во градите го прободел својот пријател. Откако увидел што сторил го извлекол копјето од мртвото тело и го свртел кон себе да се убие, но пријателите го спречиле во ова.

Во меѓувреме Спитаменес ја кренал цела Согдиана во буна против него. Александар ги покорил во есента 328 година пне и го продолжил походот. Подоцна истата година го нападнал Оксиарт и останатите барони кои се биле сокриле во ридиштата во Параетацен. Александар бргу ги ставил под своја власт, а во знак на смирување во 327 година пне се оженил со ќерката на Оксиарт, Роксана, а и некои други Македонци се ожениле со тамошни девојки.

По ова Александровата армија се упатила кон Бактрија каде тој и јавно почнал да носи персиска кралска облека. Овде тој почнал да се третира премногу како бог што на Македонците не им се допаднало, а и Калистен одбил да му се покорува. Подоцна Калистен бил убиен или умрел во затвор, бидејки бил обвинет дека поттикнал три момчиња да го убијат Александар.

Набргу потоа Демарат дошол да го посети Александар и кога го видел многу се израдувал што рекол дека од голема радост се лишени Елините кои умреле пред да го видат Александар како седи на Дариевиот престол.  Некој ден по ова стариот Демарат починал, а Александар толку многу се растажил што наредил да му се направи огромна могила.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

По ова во истата година, Александар го окупирал градот Вавилон, а и целата провинција Вавилонийа. Мазеј кој се борел од страната на Дариј во битката кај Гавгамела, мудро се предал и бил поставен за сатрап, но воената власт била под македонски командант. На Мазеј дури и му било дозволено да кова пари. Александар останал таму еден месец, а потоа отишол во главниот град на Елам Суса, којшто веќе бил покорен од Филоксен.

Entr_e d'Alexandre _ BabyloneВо овој град биле запленети 50 000 златни таланти. По ова тргнале кон исток и поминале преку планината Заргос и со помош на еден сатрап навлегле во Персида. Иако теренот бил обраснат со шума војската на Александар сепак ги освоила Персеполис и Пасаргада во покраината Персида во 331 година пне. Во Персеполис заплениле околу 50 000 таланти, а за превоз на останатите запленети предмети употребиле 10 000 маски и 5 000 камили.

Еднаш Александар присуствувал на една пијанка и наговорен од Таида, а и малку поднапиен во знак на одмаздата врз Ксеркс којшто некогаш ја запалил Атина, ја запалил неговата палата. Како и да е тој набргу се покајал и палатата била изгасната.

Во пролетта 330 походот продолжил кон север, кон Медија, при што бил окупиран и главниот град Ектабана. Пред да ја продолъи потрагата по Дариј, богатството му го доверил на Харпал, кого го наименувал за главен ризничар во Ектабана.

Entr_e d'Alexandre le Grand dans Babylone ou Le triomphe d'AlexandreБидейки Александар бил дарежлив и ги опсипувал војниците со разни нешта, тие станале мрзеливи и наместо да се борат повеќе сакале да уживаат во раскошниот живот. Ова многу го налутило Александар и покрај тоа што многу ги советувал за ова и со самопожртвуваност и челичење на своето тело им докажувал дека е поважно да се биде силен одошто да се живее во раскош затоа што и Персија ја освоиле на тој начин, а Персијците пак загубиле затоа што премногу му се препуштиле на раскошот кој им напакостил.
Кога Александар слушнал дека Бесо го заробил Дариј Тесалијците и останатиот дел од војската на Елинските држави ги пратил назад во Елада со што почнал да води лична војна. Со назначувањето на Мазеј за сатрап тој ја изменил филозофијата за својата држава и сега ја базирал врз еднаквоста на сите луѓе.

Потрагата по Дариј била мачна и исцрпувачка. За единаесет дни Александар со дел од својата македонска војска морал да помине околу 3 300 километри. Неговата војска, а и тој самиот биле преморени од патот и од сувото време. Кога некои патници му понудиле вода тој одбил затоа што така ќе им го скршел моралот на другите војници.

Triomphe d'Alexandre le GrandКонечно на видикот се појавила Персиска војска. Тие биле убедени дека со нив е и Дариј, но додека Александар и останатите од неговата придружба ги бркале Персијците, Полистрат го забележал него како лежи во една кола целиот прободен со стрели. Откако се напил вода и откако се созел, ми рекол на Полистрат дека поголема несреќа од оваа не можела да го снајде оти не ќе може да му се заблагодари на Александар за добротата што ја покажал кон неговото семејство и пред да дојде Александар испуштил душа.

Кога Александар стигнал до мртвото тело на Дариј го покрил, а потоа ја викнал мајка му и брат му Ексатар, кој му станал доживотен пријател, и величествен закоп му направил.

image025Со смртта на Дариј, Александар се прогласил за господар на Азија т.е. на Персија во 330 година пне.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Во јули 331 година пне, Александар пристигнал во Тапсакус на Еуфрат. Наместо да продолжи походот по течението на Еуфрат до Вавилон тој отишол во северна Месопотамија пред реката Тигар. Кога Дариј слушнал за ова се подготвил и со милионска војска тргнал да му се спротивстави.

alex_army1Додека Александар со Аристандар принесувале жртва на богот Фобос, Персијците поставиле логор во нивна близина, од каде што во секој миг биле подготвени за напад. Иако Македонците во тоа време се одморале, тие сепак ги забележале непријателите кои својот камп го осветлувале со фаќели. Уплашен од ова Парменион, а и останатите Македонци го молеле и советувале Александар што побрзо да тргнат во напад и тоа ноќе затоа што не верувале дека дење ќе успеат да го победат помногубројниот непријател. Александар пак не ги послушал и уште им рекол дека тој не ја краде победата, затоа што доколку Дариј ја изгуби битката тој сета вина ќе ја префрли на темнината. По ова Александар си легнал и сета ноќ ја минал во длабок сон. Кога Парминион, во утринските часови едвај успеал да го разбудил го запрашал како може толку убаво да спие, небаре победиле, а Александар самоуверено му одговорил дека доволна победа е тоа што нема да мора повеќе да го бркаат Дариј.

Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкотоскитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.

Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, грчки платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.

На двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадухиската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група Бактријци. Мазај го командувал десното крило со сириската, медската, месопотамската, партската, сакиската, тапуриската, Хирканијанската,албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Скитската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.

Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар, а левото на Парменион. Александар се борел со своите коњички придружници. Со нив биле Пајонцитеи лесната коњица на Александар. Платеничката коњица била исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со Тесалците, грчки платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар го задава решавачкиот удар десно.

Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и ахајски платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката грчка коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 км подолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.

За време на битката Александар употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв. Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар го приморал Дариј да нападне (и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен), иако Дариј не сакал да нападне прв одкога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил приморан да нападне.

Дариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од Агријанците. Меѓутоа македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.

Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј кога Александар ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и баталјони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.

Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и грчките платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејќи се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.

Откако ги победил петпати побројните Персијци, Александар ги бркал цели 35 милји се до Арабела, но сепак не успеал да го фати Дариј кој побегнал во Медија. Оваа битка ја означила пропаста на Персиската држава.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Во јули 331 година пне, Александар пристигнал во Тапсакус на Еуфрат. Наместо да продолжи походот по течението на Еуфрат до Вавилон тој отишол во северна Месопотамија пред реката Тигар. Кога Дариј слушнал за ова се подготвил и со милионска војска тргнал да му се спротивстави.

alex_army1Додека Александар со Аристандар принесувале жртва на богот Фобос, Персијците поставиле логор во нивна близина, од каде што во секој миг биле подготвени за напад. Иако Македонците во тоа време се одморале, тие сепак ги забележале непријателите кои својот камп го осветлувале со фаќели. Уплашен од ова Парменион, а и останатите Македонци го молеле и советувале Александар што побрзо да тргнат во напад и тоа ноќе затоа што не верувале дека дење ќе успеат да го победат помногубројниот непријател. Александар пак не ги послушал и уште им рекол дека тој не ја краде победата, затоа што доколку Дариј ја изгуби битката тој сета вина ќе ја префрли на темнината. По ова Александар си легнал и сета ноќ ја минал во длабок сон. Кога Парминион, во утринските часови едвај успеал да го разбудил го запрашал како може толку убаво да спие, небаре победиле, а Александар самоуверено му одговорил дека доволна победа е тоа што нема да мора повеќе да го бркаат Дариј.

Gavgamela-prvПерсијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкотоскитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Исто така Дариј имал 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.

Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, грчки платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (Јаболконосачи или Бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци.

maxresdefaultНа двете крила била коњицата. Бес го командувал левото крило со бактријанците, дахајската коњица, арахозијската коњица, персиската коњица, сузиската коњица, кадухиската коњица и скитите. Двоколките биле сместени напред заедно со мала група Бактријци. Мазај го командувал десното крило со сириската, медската, месопотамската, партската, сакиската, тапуриската, Хирканијанската,албанската, сакезијската, кападокијанската и ерменската коњица. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот. Скитската коњица биле пратени да го обиколат македонското лево крило.

Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар, а левото на Парменион. Александар се борел со своите коњички придружници. Со нив биле Пајонцитеи лесната коњица на Александар. Платеничката коњица била исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со Тесалците, грчки платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар го задава решавачкиот удар десно.

alex_army2Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и ахајски платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката грчка коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1.5 км подолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.

За време на битката Александар употребил толку уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот. За ова бил потребен речиси совршен тајминг и маневрирање како и условот дека Дариј требал да изделува прв. Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45° за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар го приморал Дариј да нападне (и набрзо неговата војска се поместила од подготвениот терен), иако Дариј не сакал да нападне прв одкога видел што се случило во ваква слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил приморан да нападне.

Gavgamela-resДариј наредил напад на двоколките. Некои од нив биле пресретнати од Агријанците. Меѓутоа македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите одбииле да се втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица за глувци“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени. Двоколките биле бескорисни.

Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј кога Александар ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар ги отповикал своите придружници и се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на гигантски клин, со самиот Александар на врвот од него. Позади него била бригада од неговата гарда и баталјони од фалангата кои успеал да ги извлече од битка. Овие биле лесни, проследни трупи.

hqdefaultОвој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и грчките платеници. Бес од левата страна сега бил отсечен од Дариј и плашејќи се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Меѓутоа единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.

Откако ги победил петпати побројните Персијци, Александар ги бркал цели 35 милји се до Арабела, но сепак не успеал да го фати Дариј кој побегнал во Медија. Оваа битка ја означила пропаста на Персиската држава.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Во ноември 332, Александар пристигнал во Египет. Наместо со борба жителите го пречекале со поздрав и со веселба. Откако персискиот сатрап се предал, Александар веднаш бил прифатен како нов владетел.

По ова точ отижол во Мемфис кадешто принел жртва на светиот бик Апис, а веднаш потоа бил крунисан со двојна фараонска круна.

Целата зима, Александар ја поминал во Египет, организирајки го. За одржување на редот, тој вработил египетски гувернери, со посебна војска независна од македонската.

Уште на почетокот Александар имал намера таму да изгради густо населен град. За таа цел го вработил Дејнократ, архитект од Родос. Овој град, како и седумдесетина други, кралот го нарекол според неговото име, Александрија. Освен Александрија бил направен нацрт и за изградба на островскиот град Фарос, кој требало да претставува негова заштита.

11lsldkeek4i4Веднаш по ова Алексанар тргнал кон храмот на богот Амон Ра. Патот бил многу тешко прооден, поради тоа што ја сечел пустината, но со многу среќа и напор сепак пристигнал. Таму го пречекал главниот свештеник при што му рекол дека е тој син божји и дека смртта на Филип е целосно одмаздена. Кога Александар го чул ова му принел жртва на Амон и тргнал кон Тир. Иако Александар го прашал свештеникот и за тоа каков ќе биде успехот на походот, сепак никому не му го кажал одговорот на ова прашање.

Во пролетта 331 година пне, Александар се вратил во Тир каде што поставил македонски сатрап на Сирија, а исто така и се подготвил за напредување во Месопотамија. Со походот во Египет тој го освоил целиот источен медитерански брег.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Победата кај Ис го отвори патот на Александровата војска за освојување на Сирија и Феникија. Кралевите од Кипар без борба му ја предале власта. За кратко време тоа се случило и со древната Феникија. Во тоа време Дариј пратил писмо во кое барал примирје со Македонците, на што Александар арогантно одговорил.

P079_TowerBurnВо меѓувреме, во зимата 333-332 година пне, Персијците презеле противнапад освојувајки повеќе градови и острови во Мала Азија.

tir opsadaОткако ги освоил Библос и Сидон, Александар стигнал до островскиот град Тир. Луѓето од овој град покажале силен отпор такашто војската на Александар таму останале цели седум месеци. Додека сеуште се воделе битки во Тир Дариј пратил второ писмо во кое му понудил на Александар сума од 10 000 таланти, за откупнина на заробениците, под негова власт да остане целата земја до Еуфрат, како и да се ожени со една од неговите ќерки.

Opsada-tirКога генералот Парменион бил запрашан што мисли за ова тој рекол дека кога би бил Александар би прифатил, на што Александар рекол дека и тој би го сторил истото кога би бил Парменион.

Како одговор на писмото од Дариј, Александар одговорил:
Вашите предци извршија инвазија на Македон така ни наштетија без ние први да им наштетиме. Јас сум назначен за главен командант на Македонија и преминав во Азија со цел да ги казнам Персијците, бидејќи вие сте агресори. Вие го поддржувавте Перинт, кој му наштети на татко ми, и Ох прати војска во Тракија, која беше под наша власт. Татко ми умре од раката на заговорниците нарачани од Вас, како што и самиот се фалевте на сите во Вашите писма. Вие го убивте Арс со помошта на Багоа и се здобивте со тронот неправедно, спротивно на персиските обичаи, наштетувајќи им на Персијците. Вие им пративте непријателски писма на Грците за мене, за да ги втурнете во војна против мене, и им пративте пари на спартанците и некои други грци – пари кои никој друг освен спартанците не би ги примил. Вашите пратеници ги расипуваа моите пријатели и се трудеа да го уништат мирот кој јас го воспоставив меѓу Македонските.
Затоа поведов експедиција против Вас и Вие ја почнавте расправијата. Но сега ги поразив сите Ваши генерали и сатрапи, како и Вас лично и Вашата војска и, по милост божја, јас владеам со земјата. За сите кои се бореа на Ваша страна и не умреа во битка, туку дојдоа кај мене, јас сум лично одговорен; тие не се на моја страна под принуда, туку учествуваат во експедицијата по своја волја. Затоа пријдете ми како на господар на сета Азија. Ако се плашите да не ви направам нешто, ако дојдете лично, пратете некои од Вашите пријатели за да ве уверам. Дојдете кај мене и побарајте ја Вашата мајка, жена, деца. Ќе ги добиете. Побарајте и било што друго. Што и да успеете да ме убедите да Ви дадам, ќе биде Ваше.
Во иднина кога комуницирате со мене, ословувајте ме како Господар на Азија,  не ми пишувајте како на еднаков со вас, туку барајте што ви треба од господарот на вашиот имот. Доколку не го направите тоа, ќе ве третирам како грешник. Доколку сакате повторно да станете крал, застанете на нозе и борете се за правото и не бегајте, бидејќи јас ќе ве гонам кај и да сте.

На крајот на опсадата на Тир, Александар заповедал војската да се одмори, а само еден мал дел да ги продолжи нападите. За тоа време Александар принесол жртва. Потоа бил нареден напад, но не само еден дел од војската, туку и војниците што биле во логорите го нападнале Тир, при што бил целосно освоен уште во истиот ден. Тоа се случувало во јули 332 година пне.

Tyre2По освојувањето на Тир, Александар се упатил кон Сирија и цела ја освоил без борба освен градот Газа, најголемиот град кој таму се наоѓал. При војувањето на Александар му било повредено рамото. Како и во Тир и овде се соочил со голем отпор, но за два месеци опсада градот бил завземен.

image009_NEW2

Еден ден пријателите на Александар му донеле некое ковчеже за кое верувале дека е најскапоцениот предмет од целото Дариево запленето богатство. Откако размислил што да стави во него, решил таму да ја чува “Илијада” која постојано ја носел со себе.

a15

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Додека Александар, бил во Киликија Дариј планирал нов напад како да ја разбие и да ја скрши неговата војска. Долгиот престој во Киликија на Александар, Дариј го толкувал како кукавичлак, а толкувањата на гаталците за неговите сништа, уште повеќе го охрабрувале.

Битката кај ИсДариј располагал со војска од 600 000 луѓе (30.000 грчки платеници, 40.000 пешадија и 20.000 коњица – овие броеви се од антички извори) , меѓу нив се наоѓал и некој Македонец по име Аминта. Тој знаејќи го начинот на војување на Македонците, го предупредувал Дариј да не оди да го бара Александар зашто Александар ќе дојде да го бара него. Дариј не го послушал и се симнал од рамнината во клисурите. Кога слушнал дека Дариј се наоѓа кај Ис Александар тргнал по него, но се разминале, така што Александар се нашол на пространата рамнина, а Дариј долу во клисурите.

Is-dvizenjaВо есента 333 година пне Александар ја нападнал персиската војска на чело со Дариј. Битката се војувала јужно од античкиот град Ис, близу денешниот град Искендерум, Турција, од двете страни на малата река Пинар (веројантно денешната река Пајас). Местото било прилично оддалечено од Искиот залив, а околните планини биле само на 2,6 км раздалеченост, така што Дариј неможел да го употреби големиот број на неговите војници правилно.

Македонците продолжиле преку Јоновиот столб. Александар и неговите коњички придружници биле на десното крило, а тесалската сојузна коњица на левото. Фалангата ја командувал Парменион.

Is-prv_pozДариј ја формирал својата линија така што тешката коњица ја поставил заедно до брегот од неговата десна страна, потоа грчката платеничка фаланга (12.000, исто колку и македонската). До грчката фаланга Дариј ја поставил персиската пешадија, кардаките, долж реката и во подножјето, каде што го совивале друфиот брег и претставувале закана за десното крило на Александар (оваа формација била слична на буквата Γ). Аријан дава претерана бројка од 20.000 за овиуе трупи. Дариј се сместил во средината заедно со најдобрата пешадија, грчките платеници и кралската коњичка гарда. Според некои историчари, тој сакал да ја имитира хеленската воена формација видена во битката кај Граник.

Персиската коњица јуришнала на Парменион, а сојузничката коњица преку реката за отворање на битката. Левото крило на Александар набргу станало од суштинско значење, како кај Гавгамела две години подоцна, каде Парменион успеал да го додржи крилото против супериорниот број Персијци доволно долго за Александар да може да изврши пресметан коњички напад против Дариј и да ја разбие персиската војска. Штитоносците под водство на Александар пешки во ова време напаѓале во коритото на реката врз кардаките и успеале да пробијат дупка низ персиските редови.

Is-res_momПотоа Александар се качил на коњ на чело на неговите коњички придружници и диретно почнал да јуриша накај Дариј кој бил уплашен за својот живот побегнал, оставувајки го дури и своето семејство и богатството во рацете на Александар. Заради ова Персијците почнале да се повлекуваат. Македонската коњица ги гонела Персијците во повлекување сѐ додека не се стемнило. Тука се случило големо крвопролевање заради масовното, неогранизирано повлекување на Персијците и гонењето од страна на Македонците.

Александар добро се однесувал кон семејството на Дариј, а и кон сите, така што тие не се чувствувале како заробени, ами и нивните права пораснале.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Битката кај реката Граник во мај 334 п.н.е. била првата голема победа на Александар Македонски против Персија (Ахеменидско царство). Се одиграла во северозападна Мала Азија, близу наоѓалиштето на Троја. Тука Александар ги победил силите на персиските сатрапи на Мала Азија, вклучувајќи и голем број на грчки платеници.Битката се одиграла на патот од Абид – Даскилиум (близу денешен Ергили, Турција), кај преминот на реката Граник (денешна Бига).

Војската на Персијците и хеленските наемници хоплити од позициите на стрмниот десен брег и возвишенијата околу реката лесно го следеле движењето на македонската војска. Aлександар не го прифатил советот на војсководецот Парменион да се повлечат за да исчекаат поповолна ситуација и дава наредба да се нападне непријателот. Во жестоката битка Aлександар бил ранет.

Битка Кај Граник (2)

Според историчарот Аријан, Персијците ја поставиле коњаницата пред пешадијата и се составиле на (источниот) речен брег. Војската на Александар ги пресретнала на третиот ден марширање од Абид во мај. Не се знае дали Александар веднаш нападнал или ја преминал реката погоре и нападнал в мугри следниот ден (по предлогот на заменикот на Александар, Парменион).

Во секој случај, Персијците имале одреден број коњица во контакт со првите надојдени Грци, но Александар ги водел елитните коњички придружници во закрилен јуриш, додека македонските пешадиски придружници го сочинувале остатокот од столбот околу Персијците. Македонската линија била наредена со тешка фаланга по средината и коњица од обете страни.

Битката започнала со удар на лесната пешадија од македонската лева страна, страната на Парменион. Персијците ја имале прилично засилено таа страна и ударот бил одбиен, но тогаш Александар почнал да јуриша со своите коњички придружници во класичната клин-формација и го пробил персискиот центар. Персијците го возвратиле ударот со ескадрон од благородници на коњи. Во овој судир неколку важни персиски благородници биле убиени лично од Александар и неговите телохранители, иако Александар бил зашеметен од еден удар од секира зададен од персиски благородник. Пред да го зададе вториот и смртоносен удар, благородникот бил убиен од македонскиот офицер Клит Црниот. Александар набргу се освестил.

Потоа македонската коњица свртела лево и се впуштила на персиската коњица која во тоа време се борела со левата страна од македонската линија по генералниот напад. Тука се отворила дупка и македонската пешадија се впуштила низ неа за да ја нападне персиската пешадија од лош квалитет која се наоѓала зад линијата. По ова двете крила на персиската коњица се повлекле согледувајќи го колапсот на центарот. Пешадијата исто така почнала да бега, со тоа што многу од нив биле убиени при гонењето.

Вкупнот број на македонски жртви бил од 100 до 200. Персијците изгубиле илјадници војници, 2.000 биле заробени. Отприлика 1.000 коњаници и 3.000 пешадијци биле убиени, главно при бегањето.

Битката кај реката Граник им покажала на Персијците дека македонската војска е сериозна сила.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Во зимата 334-333 година пне го продолжил освојувањето на јужниот дел од Мала Азија, освојувайки ги градовите Ликијја и Писидија. Во пролетта 333 година пне, Александар го продолжил походот кон исток, движејки се по патот за Перга и минувајки преку планината Климакс. Тој бил решен да го покори целото Малоазиско крајбрежје се до Киликија и да се пресели на источниот дел од Арабискиот полуостров и да ја освои Феникија. Неговото поминување и освојување на Памфилија, многу историчари го искористиле за вметнување на фантастични приказни.

image013Од Памфилија, Александар со својата војска тргнал кон север, каде што ја освоил Фригија, а потоа и градот Гордион. Градот Гордион, според преданијата бил престолнина на кралот Мида којшто се што ќе допрел го претворал во злато. Како и да е тогаш Гордион бил најпознат по Гордиевиот јазол. Еден ден додека Александар се одмарал во својот шатор, дошол гласник и му кажал дека во градот постои јазол кој досега никој не го одврзал, а според верувањата, оној кој тоа ќе го стори ќе го освои светот. Александар, израдуван од моќноста што му се нуди, веднаш отишол на тоа место. Откако добро го разгледал јазолот тој го извлекол мечот и отсекол еден дел од него при што се појавиле повеќе краеви. Убеден од пророштвото тој решил да го продолжи походот.

Во тоа време на Александар му стигнал абер дека умрел Мемнон, храбар командант на елинските платеници во морнарицата кои Дариј ги плаќал.

Од Гордион Александровиот поход тргнал кон Анкира (денешна Анкара), а потоа ја покорил Пафлагонија и Кападокија, а потоа тргнал кон југ и ја освоил и Килилија, нешто кое одамна го намислувал.

Alexandre Le Grand retiré des eaux du CydnusБолест го задржала Александар во Киликија подолго време. Болеста веројатно била причинета од големиот замор или пак од настинка, бидејки се капел во студените води на реката Кидно. Ниеден лекар не се осудувал да го лекува, плашејки се од судбината што може да го снајде ако не успее. Подоцна некој лекар Филип му подготвил лек од кој Александар за кратко време оздравел и го продолжил походот.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Во пролетта 334 година пне Александар ги преминал Дарданелите, со што го започнал навлегувањето во Азија. Како свој намесник во Европа, Александар го оставил Антипатер, со војска од над 13 000 луѓе.

Александровата војска пак броела 30 000 војници пешадија и 5 000 коњаничка војска. Втор заповедник на војската, по Александар бил Парменион. Бидејки во кралската каса немало доволно пари, Александар на некои од војницити им давал земја, на некои приходите од населбите, а на други пак пристаништата. Кога Александар ги раздал скоро сите кралски имоти, Пердика (Македонски генерал) го запрашал што ќе остави за себе. Тогаш кралот рекол дека за себе ги остава надежите, на што Пердика рекол дека тие надежи ќе мора да ги дели со оние со кои што тргнал во поход и го одбил имотот. По примерот на Пердика постапиле и неколку други војници на што Александар не се противел, но на оние што барале подароци тој од срце им давал.

Кога пристигнале во старата Троја, Александар им принел жртви на паднатите борци, а и на Ахил, чијшто штит го понел со себе. Додека Александар бил во Троја, Персијците на чело со Дариј испланирале напад како да го пресретнат на реката Граник ( денешен Кочабаш).

Многу Македонци исплашени од длабочините на реката му велеле на Александар да се врати назад, но тој не ги послушал. Во битката која се одиграла кај Граник во мај/јуни 334 година пне, Александар се соочил со персиската армија водена од тројца сатрапи.

Планот на Персијците за малку не успеал и тие за малку не го убиле Александар. Тој со помош на “Мрачниот” Клито, заповедникот на пешадијата, едвај спасил жива глава. Персијците, спротивно од очекувањата не дале силен отпор, туку се разбегале. Само една мала група персиски војници, се качиле на едно ритче од каде барале да се предадат, но Александар да им вети дека ќе ги поштеди. Александар кои што беше бесен не ја послушал нивната молба, туку почнал борба со нив при што, му го убиле коњот, но тој коњ не бил Букефал, туку друк коњ.

Кога завршила битката од страната на поразените Персијци, загинати биле големи – 20 000 пешаци и 2 500 коњаника. Оние кои биле заробени, а биле 2 000, биле испратени во Македонија оковани во синџири. Македонската војска пак имала само 34 загинати.

mf21Тираните владетели, биле избркани и спротивно од неговата политика кон Елините, Александар поставил демократска власт. Како и да е освоените градови, де факто, останале под власта на Александар.

По оваа голема победа за Александар, движејки се од север кон југ, речиси без битка, покорил и многу приморски градови вклучувајки го таму и градот Сард. Само Милет и Халикарнас во Карија му се спротивставиле. Александар не сакал да се бори на море, па затоа ја распуштил својата морнарица и изјавил дека на копно ќе ги победи персиските бродови. Милет бил охрабруван од персиската власт, но и покрај тоа Александар за кратко време и само со копнена војска го покорил. Истото го снашло и Халикарнас. Тамошниот сатрап Пиксодар бил избркан, а неговата сестра Ада, го посинила Александар, со што била наметната македонската власт. Таа многу го засакала и често му праќала разни јадења, но Александар не уживал многу во јадењето како што Леонид го научил. Леонид дури и му ги претресувал плакарите поради ова.

Откако ги освоил овие градови Александар се замислил дали да го нападне Дариј, но потоа решил да продолжи со освојувањето, на крајбрежните градови и да се извежба во техниката на војувањето.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Во 340 година пне, Александар за првпат учествувал во битка. Додека неговиот татко Филип се борел против Тракијците кај Византиум, Александар останал да го заменува и да го чува кралскиот жиг. Иако шеснаесетгодишник, Александар ефективно ги покорил Мејаните кои се побуниле и на тоа место формирал мешана населба на која и го дал името Александропол. Во 338 година пне заедно со својот татко, Александар учествувал и во битката против Елините кај градот Хиронеја. Во таа битка Македонците победиле, а на Елините по поразот им била укината политичката независност.

свадбата меѓу Филип и Клеопатра и убиството на филип (1)

Македонците често го нарекувале Александар свој крал, а Филип врховен заповедник. Филип на ова воопшто не се лутел, напротив тоа придонесло тој уште повеќе да го засака својот син. Како и да е нередите во кралскиот дворец како последица на неговите женачки причиниле многу остри кавги и расправии.

Овие кавги лукаво ги искористувала Олимпијада, а нив најмногу ги поттикнал Атал. На свадбата меѓу Филип и Клеопатра, тој поднапиен почнал да бара Македонците да им се молат на боговите Клеопатра да им роди вистински престолонаследник и иден крал на Македонија. Кога Александар го слушнал ова многу се налутил и рекол:

 “што ништожнику зарем јас сум копиле за тебе” по што својот пехар го фрлил на него.

На ова Филип рипнал и го извлекол мечот за да се бие со сина си но за среќа мечот му се лизнал и тој се сопнал, на што Александар рекол:

“Гледајте луѓе овој се токмеше од Европа да премине во Азија, а овде не може да стигне од едно столче до друго, а да не падне”.

По оваа пијана расправија Олимпијада заминала во родниот Епир, а Александар отишол во Илирија.

Откако поминало некое време и откако Филип се покајал тој отишол кај Демарат, нивен куќен пријател и го замолил да отиде во Илирија и да го убеди Александар да се врати. Демарат успеал во тоа и Александар навистина се вратил.

Во годината 336 пне Филип бил убиен. Тој наговорен од Клеопатра и нејзиниот вујко Атал, го навредил Павсаниј, а овој неможејки да најде правда за себе го извлекол мечот и го убил. Во тогашно време вината најмногу паднала на Олимпијада демек таа го убедила Павсаниј, а се зборувало дека и Александар имал учество во тој грозен настан. Како и да е под обвинение дека таа била во заднината на убиството била егзекутирана принцезата од Линкестида.

Александар во истата година со подршката од македонската војска и со неполни дваесет години успеал да ја придобие власта. Во тоа не успеале да го спречат ниту матните игри на многумина, а ниту пак обидите на незаконските деца на Филип да седнат на престолот. Младиот Александар бил доволно мудар да седне на престолот на својот татко.

свадбата меѓу Филип и Клеопатра и убиството на филип (1)

Уште во првите денови од своето владеење, Александар тргнал кон југ кон Коринт. По пат тој ја вратил Тесалија под македонска власт, а на собранието на Елинската лига во Коринт бил прогласен за водач на идната инвазија на Азија која што била иницирана и одамна планирана од Филип. Тој таму се запознал со многу видни луѓе, а го видел и Диоген кој многу го ценел. Кога застанал пред него го запрашал дали нешто може да стори за него, а овој му одговорил дека може, а тоа е да му се тргне од сонцето. Кога пријателите почнале да се шегуваат на негова сметка, Александар рекол дека кога не би бил Александар би бил Диоген, воодушевувајки се на неговата духовна големина.

Враќајки се назад кон Македонија Александар бил и на најславното пророчиште Делфи. Откако никој не сакал да му пророкува оти бил празник на кој тоа било забрането, тој почнал сосила да влече до храмот една питијска свештеничка на што таа извикала дека е несовладлив. На ова Александар се успокоил и задоволен од одговорот, дури и нечекајки пророштво ја оставил свештеничката на мира.

Иако од Македонците кои биле уплашени, Александар бил советуван со благост да се однесува кон покорените народи и на тој начин да се обиде да си ја зачува својата позиција, тој сепак мислел дека само со јуначки битки може да опстои на власта. Откако ја освоил Тракија во пролетта 335 година пне, Александар со својата војска тргнал кон север и стигнал се до местото каде се спојуваат реките Западна и Северна Морава, каде што ја задушил буната на тракијскиот народ Трибалијци и нивниот крал Сирм. Потоа го минал и Дунав за да ги покори и Гетите. Свртувајки го својот поход кон запад , Александар ја покорил и Илирската коалиција којашто ја нападнала Македонија.

свадбата меѓу Филип и Клеопатра и убиството на филип (3)

Подоцна и Тебанците наслушувајки ја лажната вест за смртта на Александар и подржувани од Елинската коалиција, а особено од Атињаните, се побуниле против македонската власт. Кога за ова слушнал Александар со својата војска, од Пелион, (Денешна Корча) Илирија, тргнал кон Теба која била оддалечена 240 милји и за четиринаесет дена стигнал таму. Откако го одбиле ултиматумот, Александар веднаш удрил на нив. Тебанците соочувајки се со многу посилната македонска војска за кратко време биле поразени. Загинати имало 6 000 луѓе. Александар потоа Теба ја срамнил со земјата, а 30 000 Тебанци ги продал како робови.

Атињаните, а и сите Елини многу се уплашиле од клетата судба што ја снашла Теба и си останале мирни. Сепак македонски гарнизони биле поставени во Коринт Калкис и Кадмеа.

Алексанадар пак како што некои велат многу се покајал за тоа што премногу ги казнил Тебанците и многупати се разжалостувал. На оние Тебанци кои останале тој им ги исполнувал сите желби и им простувал за се и сешто. Бидејки Теба била родно место на Дионис, Александар своите неуспеси, а и плашливоста на македонските војници кога стигнале до Индија, им ја препишувал на одмаздата Дионисиова.

Александар III Македонски е роден на дваесетиот ден од месецот јули или според тогашниот календар на шестиот ден од месецот хекатом беом, што македонците го викале лоос.

Истиот тој ден во Ефес, лудак го запалил Артемидиниот храм. Не случајно историчарот Хегесиј рекол дека храмот морал да изгори затоа што Артемида не била таму бидејки бабувала на Александровото раѓање. Подоцна по наредба на Александар храмот повторно бил изграден и тоа толку убаво со што се вброил во едно од седумте светски чуда на античкиот свет.

Маговите, кои тој ден биле во Ефес, пророкувале нова несреќа на Азија, велејќи дека тој ден родил проклетство и голема несреќа. Нивното пророштво подоцна навистина се остварило со тоа што Александар станал нивен господар и покорил голем дел од Азија.
На Филип кој во тоа време ја освоил Потидеја, коринтска населба на полуостровот Халкидики, му пристигнале три вести. Првата вест била дека неговиот војсководач Парменион ги победил Илирите во крвава битка; Втората дека неговиот коњ победил на трката што се одржувала во Олимпија; А третата дека му се родил син, Александар. На Филип сите овие вести му причинувале задоволство и голема среќа, а со тоа што гаталците му пророкувале дека штом Александар се родил со три победи той ќе биде непобедлив, тој особено се радувал.

На едукацијата на Александар, Филип посветил големо внимание. Неговото образование, Филип им го доверил на цела плејада учени луѓе на чело со Леонид. Од него, Александар научил да биде штедлив, умерен и физички издржлив.

аристотелОд сериозните постапки на Александар и неговиот непопустлив карактер, Филип увидел дека кај сина си може повеќе да влијае со совети и молби отколку со наредби. Иако тој на Александар му овозможил да учи од најучените луѓе, филозофи во тоа време тој сепак ним никогаш целосно не им го отстапувал неговото образование.

Кога Александар наполнил тринаесет години, Филип од Грција му го довел Аристотел, најголем и најславен мислител и филозоф на стариот век. За подучувањето на Александар, Филип му дал на Аристотел голема награда и повторно го изградил Стагира, градот од каде што потекнувал Аристотел, којшто самиот го разурнал.

Цели три години, од тринаесетата до шестнаесетата години, Александар бил образован од прочуениот грчки филозоф. Аристотел го учел Александар: етика, политика, медицина и литература.

Александар по природа го сакал читањето, а Хомеровите книги: “Илијада” и “Одисеја”, му биле омилени книги. Тој “Илијада” ја опишувал како патоказ на воената храброст. Откако увидел дека многу ја сака, Аристотел дури и му го дал своето издание на таа книга. Легендата вели дека Александар секогаш спиел со таа копија од книгата, која се наоѓала веднаш до камата, под неговата перница.

Уште на самиот почеток Александар многу го засакал својот учител, Аристотел па дури и велел дека на Филип му го должи животот, но дека Аристотел е заслужен за неговиот поубав живот. Како и да е подоцна Александар го надминал егоцентристичкиот став на грчкиот филозоф дека сите негрци треба да бидат третирани како робови и го напуѓтил неговото учење. По ова Александар се оддалечил од својот учител и заедно со татка си почнал да ја учи техниката на војување. Той уште тогаш ги покажал своите желби за војување и освојување и честопати велел дека ако татко му продолжи со воените походи за него нема да остане да освои ниту едно значајно место.

Всушност Александар имал само двајца вистински учители. Едниот бил Аристотел, а другиот неговиот татко Филип.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Откако го осигурал мирот на Балканот, а на Антипатар му оставил елитна 12.000-на македонска пешадија и 1.500 коњиници, во пролета 334 пр.н.е. Александар ја започнал источната кампања. Во поход против Персија тргнал од Амфипол со околу 40.000 војници од кои пешадија: 12.000 македонски војници, 7.000 сојузници Хелени, 5.000 хеленски платеници,   5.000 Одризи, Траки и Илири, 1.000 Агријански стрелци (Пајонци); и коњица: 1.500 Македонци, 1.500 Тесалијци, 600 Хелени и 900 Пајонци и Траки. Со флота од 182 воени кораби војската на Александар го поминал Хелеспонт.

aleksandar-makedonski (3)Со приклучување на хеленските кон македонските војски, Александар покрај другото имал за цел да ги намали нивните воени ефективи кои евентуално би можеле да го искористат неговото отсуство и да ја загрозат Македонија. Меѓутоа, Александар во нив никогаш немал доверба, а во текот на борбите на хеленските војници им доверувал маргинална улога.

По навлегувањето во Мала Азија, првиот воен судир со персиската војска се случил во 334 година кај реката Граник на Пропонтида. Првата победа му го отворила патот низ Мала Азија. Ги освојува Милет и Халикарнас кои дале отпор и лидискиот град Сард кој се предава без борба, а потоа и градовите на Ајолида и на Јонија, меѓу кои е Ефес, каде што е дочекан како ослободител од персиското ропство. Со доаѓањето на зимата ја дели војската на два дела. Едниот дел, на чело со Парменион, оди да презими во Сард, а другиот тргнува во поход преку Карија, Ликија и Памфилија, освојувајќи ги сите градови и тврдини.

Александровата војска повторно се здружила во 333 г. пр.н.е. во Гордион, каде што, Александар го пресекол со меч легендарниот јазол на јаремот на кралот Мида. Пресекувањето на неразврзливиот јазол, било знак дека тој ќе го исполни пророштвото и дека ќе загосподари со Азија. Првиот знак бил големата победата кај Ис во 333 година со персиската војска, во која персискиот цар Дариј III Кодоман бега од бојното поле. Оваа победа му го отворила патот на Александар кон Египет. На тој пат Александар ја освојил Сирија, Феникија и Палестина, а единствено водел борби за освојување на феникискиот град Тир и палестинскиот град Газа, додека без борба го завзел египетскиот град Менфис.

Во Египет, Александар бил дочекан како ослободител. Египетските свештеници од храмот во оазата Сива, го прогласуваат за син на Амон и наследник на фараоните. Во зимата 332/331 година пр.н.е. на делтата на реката Нил го основал градот Александрија. Обликот на градот бил направен според хламидата, наметка на мекедонскиот војник, а според древниот македонски обичај територијата на градот Александар ја исцртал со брашно од јачмен. Додека престојувал во Египет испратил експедиција во Судан.

Походот го продолжил во пролета 331 година. Преку Сирија македонската војска влегла во Месопотамија. Александар ги минал реките Еуфрат и Тигар и повторно се судрил со персијанската војска кај Гавгамела. Во оваа битка тој ја извојувал третата голема битка, во која катастрофално ја поразил војската на Дариј III.  По оваа победа Александар се прогласува за цар на Азија и без борба, царски влегува во древниот град Бабилон, главен центар на Персиското Царство. Потоа ја освоил втората персиска престолнина Суза и главниот град  Персепол во кој била запалена палатата на Ксеркс.

Потерата по персискиот цар завршила, откако телото на Дариј III Кодоман, кој бил убиен од персискиот сатрап Бес, било пронајдено во Хекантопил. Откако Дариј бил погребан со царски почести, Александар, продолжил да го гони, овојпат сатрапот Бес кој се прогласил за персиски цар под името Артаксеркс IV. Патот го водел на север, во областите на југ од Каспиското Море, каде ги освојува Екбатана, Хирканија, Партија, Арија, Дрангијана и Арахосија. За време на овој дел од кампањата ги изградил градовите Александрија во Арахосија (Кандахар) и Александрија во Кавказ. Александар во освоените територии најчесто ја задржувал домашната воена и цивилна власт, Македонците единствено ја имале финансиската власт, додека пак Македонската војска ја контролира освоената територија.

Александар Македонски од 330 до 327 г. пр.н.е. престојувал во Бактрија и во Согдијана. Во потрага по сатрапот Бес, Александар заминал кон Бактрија преку преминот Хинду Куш. Во 330 година, Бес кој ја преминал реката Окс(Аму Дарја) бил фатен и убиен на персиски начин, а во 329 година Александар го задушил востанието на Спитамен во Согдијана. На својот пат кон крајот на светот, Александар во 327 година во Бактрија се оженил со Роксана (Рушанак), една од најубавите жена на Иран.

Во 326 година, Александар заминал во поход на Индија. Во пролета го минал Инд, а Роксана му родила машко дете кое наскоро умира. Дури по смрта на Александар, Роксана или „ќерка на светлината“, која  „имала долги руси плетенки како млада пченица“, ќе го роди синот Александар IV. Во летото истата година, на реката Хидасп, Александар ја водел последната голема битка со Абисар кралот на Кашмир и Пор кралот на Пенџаб. По големата величенствена  победа, кон своето царство ги присоединил и земјите од онаа страна на Инд. Во чест на големата победа го основал градот Никаи(Победа), а во негова близина го изградил и градот Букефала во спомен на својот починат славен и верен коњ Букефал.

aleksandar-makedonski (4)Александар имал намера да ја освои државата Ганг и да открие крајот на светот. Тргнал кон истоток, но по пристигнувањето на бреговите на реката Хифас, војската која била психофизички исцрпена, одбила да продолжи. Александар ја послушал македонската војска, а на брегот на реката подигнал дванаесет олтари на македонските богови и столб на кој пишувало: „Овде застанал Александар“. Враќањето на војската започнало со давање жртви на боговите. На враќање, на брегот на Инд, основал нов град Александрија, кој бил уште еден од 17 –те кој ќе го носсат неговото име. На брегот на Индискиот Океан, Александар ја поделил војската на два дела. Војската под негово водство се движела по тешкиот пустински предел покрај брегот, додека другиот дел под водство на Неарх пловел 80 дена со флотата.

Во 324 година, по тешки искушенија, целата македонска војска се собрала во Суза. Воден од мислата да создаде светска држава, притоа почитувајќи ги другите култури, Александар во Суза ќе ја организира „Големата свадба на народите“, на која се венчаваат 10.000 Македонци со Персијки. Ме|у нив бил и самиот Александар, кој се оженил со ќерките на Дариј, Брасида и Парисатида, како и со најмалата ќерка на Артарксеркс, Охос. Тргнувајќи од тој мотив, во Вавилон ја реорганизира војската, притоа интегрирајќи 30.000 персиски војници во Македонската војска со исти чинови.

Александар планирал и други походи, кои повеќе имале истражувачки карактер отколку освојувачки. Планирал поморско патување околу Арапскиот Полуостров до островите на Херакле, Гибралтарскиот теснец ме|у Европа и Африка. Со неговата смрт овие планови пропаѓаат. Умира на 13 јули 323 година пр.н.е. Останува запаметен како најголем светски војсководец и непобедив воин, творец на новиот свет, на новиот поредок.

1-20 21-26
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk