Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-04-19, 12:46 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили » Текстови

Александар III Македонски (Велики)
2017-03-01, 0:40 AM

Александар III Македонски (Велики) е македонски цар од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем, кој владеел од 336 до 323 пр.н.е.

Александар бил воспитуван и образован во духот на македонската аристократска традиција, во малото место Миеза, блиску до Бероја.  Негов учител бил славниот филозофот Аристотел.  На македонскиот престол доаѓа по убиството на неговиот татко Филип II, во 336 г. пр.н.е.

Откако ги зацврстил своите позиции на македонскиот трон и ги принудил соседите на покорност ја започнал својата источна кампања. На својот пат кон земјите на изгревот на сонцето, ја покорил моќната Персиска Империја и ги проширил границите на Македонија дури до Авганистан и Индија.

Александар Македонски во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на Македонците, ќе го наречат „Alexander Magnus“.

Александар III Македонски се родил на 23 јуки 356 година пр.н.е. во Пела. Детството го минал на дворот во Пела. До тринаесетата година, за него се грижел Леонид, роднина на Олимпија. Во 343 година бил испратен во малото место Миеза, каде се школувала младата македонска аристократија. Во селото кое било одалечено околу 40 километри југозападно од Пела и во кое се наоѓал гимназиум каде го вежбале своето тело и ум младите Македонци, работел тогаш 40 годишниот филозов Аристотел. Во Миеза, Александар останал три години, а за тоа време се стекнал со познавање од: поезија, астрономија, геометрија, реторика и др. Покрај својот ум, Александар го вежбал и своето тело натпреварувајќи се во гимнастички вежби, јавање и лов.

Времето поминато со учителот Аристотел, ќе има големо влијание во психофизичкиот развој на Александар. Аристотел ќе ја потикне неговата љубов кон природните науки, историјата и уметноста, а како иден владател и првосвештеник ќе го подготви за општественото уредување на државата, односот кон поданиците и верата, животот и смрта. Покрај учењата на Аристотел, врз развојот на Александар огромно влијание имале неговата мајка Олимпија, татко му Филип и војсководецот Антипатер. Олимпија која била посветена на мистериите на Кабирите на островот Самотрака, кај Александар ќе го развие чуството и фантазијата на мистицизмот, додека Филип и Антипатар ќе го припремат на воените вештини.

Воспитуван во духот на славните јунаци Херакле и Ахил, за кои сметал дека се негови претци, тој никогаш не се одвојувал Илијадата. Во текот на источната кампања, Илијадата ќе му биде вечита инспирација, мотив да ги издржи и најголемите животни премрежиа. Стекнатите спознанија во младоста во Миеза и желбата да се спознаат и разоткриат тогашните светски мистерии, а потикнати од јуначките дела на неговите претци, подоцна ќе предизвикаат воениот поход на исток повеќе да личи на научна експедиција отколку вистинско освојување на светот.

Школувањето траело до 340 година, кога Александар на 16-годишна возраст бил поставен за регент на Пела. Филип му го доверил управувањето на Македонија, додека тој бил во поход против Византион. Следејќи ги духовно битките и победите на Филип, со помош на Антипатар Александар во Пела ги изучувал воените вештини и се припремал за војните кои го очекувале. Првиот воен поход му бил против племето Мајди, кое живеело во горниот тек на реката Стримон. Во знак на својата прва победа, тој го основал градот Александрополис. Со воена слава се стекнува на 18 години, кога учествува во битката кај Хајронеа и заедно со својот татко, во 338 година ги победуваат здружените сили на Хелените.

aleksandar-makedonski (2)

Во 336 година бил убиен најголемиот маж на Европа, македонскиот крал Филип II. По кампањата за ликвидирање на заговорниците, убиецот Павсаниј и двата принца од Линкестида, Арибеј IV и Херомен, како и претендентите за македонскиот престол, а подржан од генералите Перменион и Антипатар, Македонското собрание под оружје во летото го прогласува Александар за владетел на Македонија. Александар имал 20 години кога се качил на македонскиот престол.

Веста дека е убиен Филип, најголемиот непријател на Хелените, ја израдува Атина, а Демостен со потценување го нарекол престолонаследникот Александар маргит (глупчо). Но, радувањето на Атина било со краток век Првата воена акција на Александар била насочена токму кон хеленските полиси кои се обидувале да ја отфрлат македонската власт. Истата година тој организирал поход низ Тесалија и Делфиската амфиктионија, Теба и Атина, до Пелопонез и ги присилува да го почитуваат Коринтскиот договор, според кој тој ја наследува титулата „Хегемон на Хелените“.

Во 335 година Александар тргнал во поход на Тракија, Дарданија, се до Дунав и ги поразол Трибалите и нивните сојузници Гетите. По примањето на нивното поклонство, ги поразил и илирските племиња, па преку Пајонската територија се спуштил во Хелада, каде што повторно избувнувало антимакедонско востание, поттикнато од Демостен. Александар ја сравнил со земја побунетата Теба, а исплашената Атина го прифатила понудениот мировен договор.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk