Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-04-19, 9:03 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили » Текстови

Битката кај Хидасп
2017-03-01, 1:51 AM

Битката кај реката Хидасп се одиграла 326 п.н.е помеѓу војската на Александар Македонски и војската на индискиот крал Пор (санскрит: Пурурава) крај реката Хидасп (денешна река Џелум) во регионот Пенџаб. Кралството на Пор се протегало во делот од стара Индија кој денес припаѓа на Пакистан. Оваа битка бил последниот покрупен судир на Александар Македонски. Иако во битката македонската војска победила, поради истоштеност одбила да оди подлабоко во Индија и покрај желбата на нивниот војсководец, Александар Македонски.

 – Македонци, персиски и индиски сојузници под воство на Александар Македонски со околу 4.000 коњица и 50.000 пешадија и 2.700 војска под водство на Кратер кои играле диверзиона улога.

  – Пор со 200 бојни слонови, 6.000 коњица и 30.000 пешадија.

Битката се одвивала на источниот брег на реката Хидасп, (денешен Џелум која е притока на реката Инд) близу денешните места Лила и Бора во Пакистан.

Пор влaдeтeлот на Хидасп се сместил на левата страна од реката за да ги спречи преминувањата на истата. Реката Хидасп е доволно длабока и брза за да го однесе секој што сака да ја премине. Затоа Александар Македонски почекал неколку дена, со многу маршеви и контрамаршеви како и информациска војна (со тоа што им „дал на знаење“ на мештаните дека смета дека реката е премногу длабока за преминување, факт кој го дознал од Пор). Една ноќ, кога осетил благосостојба во кампот на Пор, Александар Македонски собрал мала војска и ја преминал реката 17 км низводно. Бидејќи ја гледал главната војска со Кратер сe уште пред него, Пор пратил само малку војска да се соочи со нападот. Меѓутоа тој погрешно проценил и војската била убиена заедно со неговиот син.

a20

Кога битката подоцна почнала, александровата коњица била сместено на десното крило, но Александар Македонски пратил група коњаници да ги заобиколи Индијците и да ги нападне одзади. Индијците имале коњица на двете крила, бојни слонови напред и пешадија позади слоновите.

Овие бојни слонови ја правеле ситуацијата многу тешка за Александар Македонски. Речиси сите негови победи се должеле на неговата способност да го раздвои непријателот и да јуриша со неговите коњички придружници низ отворот. Меѓутоа слоновите ги уплашувале македонските коњи. Така Александар Македонски морал да ја промени неговата стратегија.

Александар Македонски ја започнал битката со вообичаениот јуриш на десното крило (лево на индијците) со предвидливи резултати, индиското лево крило ослабело и Пор ја зајакнал таа страна со коњица од десното крило. Ова ги оставило индиските коњаници без никој да ги брани од опколниот напад одзади. Александар Македонски го сакал токму ова. Тој ја уништил индиската коњица без да ги доближува неговите коњи до слоновите. Доколку индиската коњица не би била уништена, таа сигурно би претставувала закана за фалангата подоцна во битката и македонската коњаница не би можела да ја подржува пешадијата во борбата против индиската коњица заради близината на слоновите.

Во меѓувреме, македонската фаланга и персиската пешадија трнале напред за да го пречекаат јуришот на слоновите, кој бил запрен, иако со тешки последици за пешадијата. Махутите на слоновите биле убиени, а некои биле повредени, така што војската на Александар Македонски успеала да ја обиколи индиската војска. По загубата на огромен број животи, Пор, кој бил ранет во борбата, се предал.

Пор бил висок речиси 210 см и еден од многуте Индијци кои го импресионирале Александар Македонски. Погоден од најмалку шест стрели во битката, но сe уште на нозе, тој бил запрашан од Александар:

” како би сакал да биде третиран.”

Одговорот бил:

„какo владетел“, така отогаш и се однесувле македонците со Пор

a21Тешко е да се измерат жртвите, но се знае дека Индијците ја изгубиле целата своја коњица, голем дел од пешадијата и преку 100 бојни слонови. Македонците фатиле 80 слона, но изгубиле многу пешадија во битката. Коњицата имала многу помалку жртви. Историчарот Питер Грин вели дека Александар Македонски изгубил дури 4.000 војници, главно фаланга. Тие биле оние кои морале да се соочат со слоновите бидејќи коњите не сакале ни да се доближат.

Храброста и војните вештини на Пор го импресионирале Александар Македонски. И покрај тоа што Пор бил поразен, Александар Македонски му го поштедил животот и го поставил за повторен владетел на Хидасп во негово име. Ова била најдалеката точка кај што Александар Македонски стигнал заради одбивањето на неговата војска да оди напред не само заради тоа што била истоштена, туку и заради тоа што за прв пат го увидела вистинскиот начин на употреба на слонови во битка. Дариј пред тоа употребувал слонови во битка, но тие не играле значајна улога. Тука фалангата за прв пат се соочила со јуриш на слонови и чудо е што воопшто успеала да ги одбие заради огромниот психолошки ефект што тие го имале врз војниците.

Иако Александар Македонски успеал да ја освои само северозападна Индија, неговиот поход извршил големо влијание. Со тоа што ги победил опасните локални властелини во Хиндукуш и соседните региони, тој го подготвил теренот за идната Маурска империја, втората империја која успеала да ја освои цела Индија.

Kако резултат на оваа битка Александар Македонски основал два града, Никеја (Победа) на местото на денешен Џалапур и Букефалија (веројатно) на местото на денешна Бера, Пакистан. Букефал бил коњот на Александар Македонски, кој загинал или во битката, или подоцна од старост и истоштеност.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk