Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-03-29, 3:01 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили » Текстови

Филип II Македонски
2017-03-01, 0:31 AM

Филип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на македонската држава.. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј. Како македонски басилевс спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија (македонска фаланга) и од придружниците и другарите на кралот благородничка коњица (хетајри). Ковал златни и сребрени монети (филипики и статери). Првата битка ја извојувал против илирскиот владетел Бардилис во 358 година п.н.е., а потоа ги освојува хеленските колонии на македонскотракискиот брег. Водел и извојувал повеќе битки со Елините, Траките, Илирите и Пајонците. Во 353 г. п.н.е ја освојува Абдера и Маронеја, со што на реката Места е поставена источната граница на Македонија со Тракија. По големите воени победи, Филип навлегува во Тесалија, го поразува тиранинот Ономарх од Фокида, по што е избран за доживотен архонт (врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. Свесен дека Македонија ги загрозува интереситре на Атина, Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“. Тоа ќе го предизвика македонскиот владател да го нападне елинските колонии на Халкидик, а по освојувањето во 349 година на Олинт, војната со елинските полиси ќе ја продолжи се до битката кај Хајронеја во 338 година п.н.е. По оваа голема победа, Филип II бил избран за главен војсководец на Коринтски сојуз, по што тој се припремал да ја поведе македонската и војската на Елините против Персиското Царство. Но во 336 г. п.н.е бил убиен во престолнината Ајга. Во историјата е забележан како најголем басилевс во Европа.

Филип II Македонски е роден 382 година п.н.е. Неговиот татко, македонскиот крал Аминта III и мајка му Евридика, имале уште два сина и една ќерка, Александар, Пердика и Евринеја. Филип имал уште три полубраќа Архелај, Архидеј и Менелај, родени во вториот брак на кралот Аминта со Гигеја. Неговиот татко, умрел кога Филип имал 12 или 13 години, а неговиот најстар брат тогаш станува крал на Македонија како Александар II.

Македонија во овој период се соочувала со сериозни предизвици во однос на нејзината безбедност и опстанок. Тебанскиот војсководец Пелопида во неколку наврати ќе му нанесе порази на македонскиот крал Александар II и на Птоломеј, а како гаранција дека постигнатите договори ќе бидат почитувани од страна на Македонија си обезбедил заложници. Меѓу нив бил и Филип, кој од 368 до 365 година минал како заложник во Теба.

Тригошниот престој во куќата на Памен и на Епаминонда, најголемите воени команданти во тоа време, ќе му овозможат на Филип да се запознае со војничките вештини. Филип имал можност да ги следи подготовките и вежбите на прославената тебанска пешадија, посебно на прославената „Света чета“. За сето време поминато во заложништво Филип се стекнал со образование по филозофија и други науки кои ги изучувал кај питагорејски филозов, но најмногу престојот во Теба влијаел врз војничкиот развој на Филип кој ја согледува потребата од кординираното дејство на пешадијата и коњицата.

Во меѓувреме, на чело на македонската држава дошол неговиот брат Пердика III кој бил подржуван од Теба, а во 365 г.п.н.е. со неполни 18 години Филип бил вратен во Македонија. По враќањето во Пела, брат му доделил кнежевство на управување. Се смета дека тоа била

Пелагонија, каде Филип раководел и подготвувал дел од македонската војска.

Во 359 година, во битка со Бардил, Пердика III загинал. Настанала вообичаената пресметка за кралскиот престол меѓу претендентите во кралското семејство. Филип вешто ги остранил противниците, егзекутирајки го Архелај и протерувајќи ги Архидеј и Менелај во Олинт. Постои сомнеж дека Филип бил најпрво регент на малиот Аминта IV, синот на Пердика III, и дека дури потоа бил избран за крал. Филип како докажан и храбар борец против Илирите ја имал подршката на македонската војска. Се смета дека соочени со опасноста од нова офанзива на Илирите, во зимата 359 година п.н.е., Собранието на Македонците под оружје, во Пела, го избрале Филип за македонски крал, како Филип II.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk