Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Thursday, 2024-03-28, 10:11 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили » Текстови

Походот на Александар III Македонски кон централна Азија
2017-03-01, 1:39 AM

Откако Александар седнал на Дариевиот престол својот поход го продолжил кон централна Азија. Поголемиот дел од војската го оставил, а со себе зел 20 000 војници пешадија и 3 000 коњаника. Тој поминал низ планината Елбурз и стигнал до брегот на Каспиското езеро каде ги освоиле градовите Задракарта и Хирканија. Овде му се предале група од сатрапи и персиски благородници.

Hym_n_e, l'Amour et Alexandre offrant la couronne _ Roxane

Во овие краишта некои варвари ги нападнале Александравите луѓе и меѓу другото го украле неговиот коњ Букефал. Кога Александар разбрал за ова се разбеснил и се заканил дека ќе ги испотепа сите сосе жени и деца но набргу се смирил откако Букефал му бил вратен.

По ова продолжил низ Партија кон запад и ги покорил Маердите, планински луѓе кои живееле на планината Елбурз, а во Ариа ги покорил Сатибарзаните и ја изградил Арианска Александрија.

Потоа Александар тргнал јужно и ја покорил и Фрага во Дрангиана, но таму повеќе несреќи одошто радост ги снашле Македонците. Филиота бил најомилен кај Македонците по Александар. Исто како и неговиот крал така и тој ги опсипувал луѓето со подароци што не доликувало на обичен човек. Кога Александровата армија ја освоила Киликија, Филота задржал за себе една убава девојка по име Антигона. Тој често го минувал времето со неа и постојано и се фалел дека сите места што Македонците ги освоиле се по негова заслуга и по заслуга на неговиот татко Парменион и при тоа го навредувал Александар нарекувајки го копиле. Александар дознал за ова и иако имал доволно докази против него сепак ништо не презел но на Антигона и наредил да го известува за се.

Некој Македонец по име Лимно ковал заговор против Александар и сакал да придобие некое момче да му биде соучесник, но тоа не само што не сакало туку и веднаш отишло да го извести Александар за ова. Откако побарал Филота да му каже на Александар дека сака да го извести за нешто и откако овој повеќе пати го одбил, момчето се посомневало во него и преку друг Александров пријател било примено кај него. Откако го известил кралот дека Лимно кова заговор против него, уште и му го кажал однесувањето на Филота.

Веднаш по ова Александар пратил некој војник да го фати Лимно но бидејки тој се бранел бил убиен. Александар не бил задоволен од ова оти не можел да докаже дека и Филота учествувал во заговорот, но разгневената војска сепак го фатила Филота и откако го осудила тој бил убиен. Александар пак веднаш пратил свои луѓе во Медија со наредба да го убијат Парменион.

Од Фрага во зимата 330-329 година пне, Александар ја поминал реката Хелманд, преку Арахосија стигнал во Паропамисад која ја покорил и во неа основал уште еден град Александрија.

За ова време Бесо престојувал во Бактрија каде сакал да крене востание против Александар и си го присвоил називот голем крал. Бидејки македонската армија немала доволно храна се насочиле кон Драпаска. Бесо се дал во бегство кога чул за ова и отишол дури зад Оксус. Македонците продолжиле и понатаму кон запад до Бактрија и Ариа каде што наименувале верни сатрапи. Генералот Птоломеј бил пратен да го гони Бесо и откако го фатил го однел во Бактрија и според персиските обичаи му биле исечени обете уши и носот а потоа бил расчеречен меѓу две стебла во Ектабана.

Од Мараканда, Александар ги освоил сите места се до Кирополис, а ја поминал и реката Орексарта каде што ги победил Скитските номади со употреба на катапулти па потоа ги бркал стотина километри.

За време на престојот во Мараканда се случил уште еден немил настан. На една пијанка некои Македонци почнале да пеат песни со кои ги исмејувале Македонците кои пред неколку дни претрпеле пораз од Персијците. На ова најмногу се налутил Клито многу близок Александров пријател, но откако кралот му рекол дека не треба да се лути затоа што и тој е страшливец во борбата, Клито пламнал од гнев и почнал и нему да му вика дека ако тој не бил, Спитридат уште на Хиронеја ќе му ја скинел главата по што Александар што пийан, а што навреден го зел копјето и во градите го прободел својот пријател. Откако увидел што сторил го извлекол копјето од мртвото тело и го свртел кон себе да се убие, но пријателите го спречиле во ова.

Во меѓувреме Спитаменес ја кренал цела Согдиана во буна против него. Александар ги покорил во есента 328 година пне и го продолжил походот. Подоцна истата година го нападнал Оксиарт и останатите барони кои се биле сокриле во ридиштата во Параетацен. Александар бргу ги ставил под своја власт, а во знак на смирување во 327 година пне се оженил со ќерката на Оксиарт, Роксана, а и некои други Македонци се ожениле со тамошни девојки.

По ова Александровата армија се упатила кон Бактрија каде тој и јавно почнал да носи персиска кралска облека. Овде тој почнал да се третира премногу како бог што на Македонците не им се допаднало, а и Калистен одбил да му се покорува. Подоцна Калистен бил убиен или умрел во затвор, бидејки бил обвинет дека поттикнал три момчиња да го убијат Александар.

Набргу потоа Демарат дошол да го посети Александар и кога го видел многу се израдувал што рекол дека од голема радост се лишени Елините кои умреле пред да го видат Александар како седи на Дариевиот престол.  Некој ден по ова стариот Демарат починал, а Александар толку многу се растажил што наредил да му се направи огромна могила.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk