Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-04-19, 6:20 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили » Текстови

ТЕСТАМЕНТОТ НА АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ
2017-03-01, 0:22 AM

Тестаментот е направен од Царот Александар, син на Амон (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде цар на Македонија, а во меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере Цар – човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде Цар на Македонија…

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Родос, место кое таа го пожелува и Царот на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат Цар, Царот Александар, син на Амон и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целото Царство на Македонија, и му ја дава за жена Кајнан, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија, и за жена му ја доделувам Солунка, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија (ПС. – Калл. 3.33.13). Леонид го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис; преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, и Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Бабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селеукит, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе-Сирија го ополномоштувам Мелагер. Кралството на Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Бабилон и Бактрија, го назначувам Пердика, на кој му ја поклонувам мојата жена Роксана, Бактриската ќерка на оксиартите. Народот на Родос треба да се награди со 300 таланти злато од царското богатство за разубавување на нивниот град; воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20.000 медимни Египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Родос. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.

6. Свештениците во Египет да бидат наградени со 2.000 таланти единици злато од јавниот приход, а Птоломеј да се погрижи за транспортот на моето тело до Египет, за кое понатаму најдобро ќе се грижат свештениците од Египет. Саркофагот во кој ќе биде положено моето тело да биде направен во вредност од 200 таланти злато.

7. На Тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Минерва и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Аргос, додека на Аполон во Делфи, сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.

8. Тасе (Таџилес) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со Индиската река. Перо (Перус) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роскана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија.
Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргеус) да биде отстранет од Сусија, а Коен (Цонеус) да владее наместо него.

9. За владател на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи и Атина. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип.

10. Сведоци на ова да се Олимпискиот Јупитер, нашиот предок Херкул, Минерва, Марс, Амон Сонцето (Амонма) и успехот на Цар Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Јупитер и Олимписките богови, да не остане неказнет за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk