Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Thursday, 2024-04-18, 6:56 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Domestic Animals [6] Marriage Agencies [0]
Romantic Contacts [0] Children's Room [0]
Family Leisure [0] Online Acquaintances [0]
Your Habitation [0] Skillful Hands [0]
Kitchen [0] Farmstead [0]
Private Life [0] Cosiness and Comfort [0]
Fashion and Beauty [0] Good Housewife [0]
Holidays [0]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Home » Domestic Animals

АНТИКА И СРЕДЕН ВЕК: Македонците не се од вчера, па некој да ги третира како северно македонска салата!
2018-08-03, 0:09 AM

Според проф. д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, македонското античко, историско, културно и етничко наследство, во однос на континуитетот на имињата Македонија и Македонци, сосема е неспорно и е сублимирано во македонското средновековно културно, историско и етничко право на името Македонија и Македонци, што се гледа од богатата средновековна изворна документација.

Пишува: Блаже Миневски

Иако во 148 година п.н.е Македонија била претворена во римска провинција, со постојан римски провинциски намесник, границите на провинциите Македонија Прима и Македонија Секунда сепак повеќе или помалку останувале внатре, во историско-географските граници на Македонија. Во 297-та година, за време на владеењето на римскиот император Диоклецијан, била извршена нова административна реформа, а римското царство било поделено на 12 големи диецези, кои, пак, биле составени од 100 провинции. Се смета дека со овие реформи од дотогашната провинција Македонија биле формирани три нови провинции: Тесалија, Нов Епир и Македонија. Подоцна, кон крајот на 5-от век, имало нови административни промени во Византија, можеби како последница на пропаѓањето на Западното римско царство во 476-та година. Латинскиот хроничар Комес Морцелин, кој живеел во Константинопол, и бил секретар на Јустинијан Први пред да биде крунисан за цар, во записот за 482-та година известува дека готскиот крал Теодорих по наредба на својот чичко Валамер „ги опустошил двете Македонии и Тесалија“, а во записот од 517-та година пишува за нови напади во кои повторно ‘биле опустошени двете Македонии и Тесалија а готските коњаници ограбувале дури до Термопилите и до Стар Епир’.

Фактот што во ова време се спомнуваат две Македонии може да значи дека покрај постоечката провинција Македонија Прима повторно била формирана и Македонија Салутарис, односно била обновена втората Македонија. Кога настанала оваа промена не се знае точно, но се претпоставува дека тоа се случило помеѓу 479-та и 482-та година. Потврда за ваквото тврдење се наоѓа во списот на византискиот историчар Малхус, кој во 479-та година споменува дека „и првата престолнина на Македонија, градот Стоби бил опустошен од Готите“.

Подоцна, на прагот на 6-от век територијата на Македонија во нејзините историско-географски и етнички граници, како составен дел на Византиското царство, во административен поглед, влегувала во рамките на перфектурата Илирик. Последен пат Македонија Прима и Македонија Секунда заедно, како две провинции, се спомнати во 535-та година во 11-та новела на царот Јустинијан Први по повод назначувањето на Кателијан за архиепископ во нововостановената Архиепископија Јустинијана Прима.

Како Македонија станува Склавинија?

По населувањето на Словените во Македонија паралелно со терминот Македонија се промовира нов термин Склавинија. Во тоа време територијата на Македонија главно е вклопена во провинциите Средоземна Дакија и Дарданија. Веќе по 550- година новите кризни состојби на дунавската граница налагале поинаква административна поделба која ја извршил царот-реставратор. Имено, при набројувањето на обновените тврдини и градови од страна на цариот Јустинијан Први, византискиот дворски историчар Прокопиј, Македонија ја спомнува како провинција во историско-географски граници, покрај провинцијата Дарданија, во која влегувал и дел од денешна северна Македонија. Многу поинтересни согледувања околу терминот Македонија и Македонци дава списот „Чудата на свети Димитрија Солунски“ од втората половина на 7-от век од перото на солунскиот митрополит Јован.

Овде Македонија, значи во втората деценија на 7-от век, веќе не се споменува во нејзиното провинциско, туку, вообичаено, иако поретко, во нејзинито географско значење. Тоа е, пред сé, поради населувањето на Словените на територијата на Македонија и сé позачестените користења на термините Склавинија за областите населени со Словени. Поради изменетата етничка структура дошло до поинакво именување на територијата на Македонија и на жителите. Византискиот хроничар Теофан Исповедник, кој е роден околу 760-та година во угледно семејство во Константинопол, во своето дело „Хронографија“, напишано меѓу 810-та и 815-та година, а кое го опфаќа периодот од 284-та до 813-та гидина, зборувајќи за населувањето на Словените на Балканскиот Полуостров, односно во Македонија, а во доста голем број и на територијата на Грција се до Пелопонез, воопшто не го спомнува терминот Македонија.

Областите кои ги населиле Словените на Балканот и Македонија тој ги нарекува со заедничко име Склавинија, додека жителите на Скалвиниите ги нарекува Словени. Под терминот Склавинија, пак, Теофан Исповедник подразбира област населена со Словени. Освен општиот термин Склавинија, односно Склавини за Словените кои се населиле во Македонија, зборувајќи за византиската воена акција во 658-та година, Теофан на двапати зборува и за склавинијата Берзитија, односно територијата на словенското племе Берзити, за која се спомнува и некаков нејзин кнез. Ова укажува дека во централна Македонија веќе била создадена првата словенска државна творба под името Берзитија, смета проф. д-р Бошкоски. Кон крајот на 8-ми век и почетокот на 9-ти век, Византија ја формирала темата Тракија, првата тема во европскиот дел на своите владенија, а набргу во Западна Тракија била формирана и темата Македонија.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0 | Tags: АНТИКА И СРЕДЕН ВЕК
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk