Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Thursday, 2024-04-25, 12:49 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Domestic Animals [6] Marriage Agencies [0]
Romantic Contacts [0] Children's Room [0]
Family Leisure [0] Online Acquaintances [0]
Your Habitation [0] Skillful Hands [0]
Kitchen [0] Farmstead [0]
Private Life [0] Cosiness and Comfort [0]
Fashion and Beauty [0] Good Housewife [0]
Holidays [0]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Home » Domestic Animals

Мистерија за смртта и гробот на Александар Велики Македонски
2018-08-02, 11:46 PM

Според историските податоци Александар Велики Македонски умрел во Вавилон (Египет) на возраст од 33 години. Според историчарите, бил отруен, што е заговор на дел од неговите генерали во борба за превласт. За неговиот погреб имало два ковчези, во едниот било телото на Александар, а другиот бил празен за да се залажат неговите следбеници кои биле подготвени да го слават неговиот него и местото на неговиот гроб.


Неодамна е откриена мистеријата за смртта на Александар Македонски, освојувачот кој умрел во 323. година п.н.е, на свои 32 години.
Барем така тврди Лео Шеп од новозеландскиот завод за токсикологија, кој изнел теорија дека еден од најголемите освојувачи во историјата најверојатно бил убиен од вино од пелин, на изглед безопасна билка.
Според досегашните теории, Александар починал или од природна смрт, или од маларија, а има и теории кои тврдат дека некој го отрул за време на прославата во палатата Набукодонсор Втори. Кратко по прославата имал грозница од која не можел да се движи и да зборува. Починал 12 дена подоцна.

Шеп ја отфрла теоријата дека бил отруен со арсен, бидејќи во тој случај смртта би настапила многу порано. Во својот научен труд, овој токсиколог вели дека виновник за смртта била билката veratrum album, кај нас позната како пелин. Македонците истата ја користеле кај болните за да предизвикаат повраќање.

Токсикологот од Нов Зеланд потсетува и на записите на старогрчките историчари, кои велат дека Александар почувствувал болки откако се напил вино во чест на Херкулес.
– “Симптомите за труење со пелин се болка во желудникот и под градите, а често доаѓа и до вртоглавица и повраќање. Тоа доведува до забавување на срцевиот ритам и пад на крвниот притисок. Александар пател од слични симптоми во наредните 12 дена”, пишува во трудот на Шеп.

Шеп на ова истражување работел 10 години. Во 2003. години му се јавила екипа од BBC, и го ангажирала да ја истражи смртта на Александар за потребите на нивниот документарен филм.
“Мислев дека нема да откријам ништо, но на мое изненадување, откривме нешто што би можело да биде вистина”, изјавил Шеп, пренесува Independent.
Сепак, предупредил дека неговата теорија не може да биде потврдена. “Никогаш нема да знаме со сигурност”, вели Шеп.

Тоа е последниот од научните наоди за причините за смртта на Александар Македнски. Но, каде по умирањето е закопан. Последниве две години се случува вистинска трка со време и докази помеѓу Грција и Македонија да се пронајде гробот на Александар. Што велат кажувањата за тоа.

Рускиот весник „Аргументи и Факти” објави сензационална вест дека група грчки археолози тврдат дека гробот на Александар Македонски и Ковчегот на заветот биле пронајдени на островот Тасос. Пренесувајќи ја изјавата на раководителот на грчкиот археолошки тим Николаос Кумарѕис, локацијата била случајно пронајдена, со помош на аматери копачи, при што не очекувале дека ќе наидат на вака сензационално откритие.

Весникот наведува дека доколку се потврди наодот како вистинит, ќе преставува најголемо археолошко откритие во поново време. Во записите, гробницата на Александар се споменува се до до 4 век од нашата ера, кога се губи секаква трага и денес преставува една од најголемите светски мистерии. Нејзиното откривање преставува сон на секој археолог или на ловците на богатства..

Но, било која информација дека е пронајден гробот на Александар Македонски треба да се земе со резерва. Не е првпат Грци да се појават со информација дека ја откриле неговата гробница. Уште во 1850 година, гркот Амброзие Скилаци, објавува приказна дека го пронашол и го видел мумифицираното тело на Александар, што ќе се покаже неточно. Четириесет и три години потоа гркот Јонаидес се појавува со истата приказна како и неговиот сонародник преведувачот Скилаци. Во 1893 година, Јонаидес објавува дека ги открил гробовите на Александар и славната Клеопатра. Но, за сето тоа нема докази.
Гркот Стелиос Коумтсас во 1950 година отпочнува истражувања низ цела Александрија во потрага по гробот на Александар. Кога професорот Питер Фрејзер од Универзитетот во Оксфорд во една Александриска чајџилница во јуни 1961 година ја прегледува книгата за Александар како доказ на Коумтсас, оценува дека сето тоа преставува личен впечаток, а не доказ или научен труд.
Манолис Андроникос на 8 ноември 1977 година открива богат и неограбен гроб во кралската македонска гробница во Вергина, Егејска Македонија, и наговестува дека станува збор за тумул на македонскиот крал Филип II Македонски. Истражувачот Леман ќе изнесе оправдани сомневања дека во гробницата кај селото Кутлеш (Вергина) бил погребан Филип II., и повторно ги нема доказите кои науката ги бара за верификација на наодот.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0 | Tags: Мистерија
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk