Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-04-19, 6:09 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Domestic Animals [6] Marriage Agencies [0]
Romantic Contacts [0] Children's Room [0]
Family Leisure [0] Online Acquaintances [0]
Your Habitation [0] Skillful Hands [0]
Kitchen [0] Farmstead [0]
Private Life [0] Cosiness and Comfort [0]
Fashion and Beauty [0] Good Housewife [0]
Holidays [0]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Home » Domestic Animals

Мистерија за смртта и гробот на Александар Велики Македонски - 2
2018-08-02, 11:47 PM

Според неговите анализи се работи за остатоците на Филип III Аридеј и неговата сопруга Адеа Евридика.

Пензионираниот грчки армиски генерал Триантифилос Папазоис, во 2002 година лансира во јавноста веб сајт на англиски јазик за да ја промовира својата интерпретација и теза дека Александар а не Филип II, бил погребан во гробот во Вергина (Кутлеш) Македонија.

Најдалеку оди грчкиот археолог и филолог од универзитетот во Атина, Лиана Сувалтзи, која во 1995 година објавува дека гробот на Александар е во оазата Сива, северно од египетската пустина. Подоцна, Египетскиот Совет за Антиквитети работата на археологот Лиана Сувалтзи ја опишал како лошо и нестручно археолошко истражување. Лиана била во заблуда бидејќи во суштина ги интерпретирала наодите од добро познатиот дорски храм, како македонски гроб на Александар.

Постојат повеќе теории за тоа кaде се наоѓа гробот на Александар Македонски. Една од најприфатените е дека по смртта Александар бил погребан во Египет, во неговиот град Александрија.

Приказната почнува кога во 321 г. пр.н.е. Александровата погребална кочија била киднапирана од генералот Птоломеј во близина на Дамаск, а телото на Александар било пренесено до Мемфис каде бил погребан.
Дури и е запишано:

Тоа беше Птоломеј Филаделфиус што од Мемфис го донесе телото на Александар во Александрија.” (Павсаниј, II век н.е.)
Птолемеј Филопатор во 215 г. п.н.е. во средината на Александрија изгради меморијална зграда, која што сега се нарекува Сoма, и ги положи таму неговите предци, заедно со неговата мајка, а исто така и Александар Македонски’. (Зенобиј, II век н.е.)
Сoма на грчки значи тело, па според експертите, тоа е доказ плус дека таму е телото на Александар. Но, појаснуваат дека не мора да значи дека токму во тој објект, туку на таа територија, односно Александрија.

„Октавијан го виде телото на Александар и дури го допре, но така невешто што, како што се раскажува, му скрши дел од носот. Не сакаше да ги види телата на Птоломеите…, повторувајќи дека дошол да види цар, а не трупови.” (Дио Касиус, II век н.е.)
„Само што влезе во градот (215 г. н.е.), Каракала со целата негова војска отиде во храмот каде што принесе многу жртви и остави многу темјан. Потоа отиде до гробот на Александар, каде што ја соблече и ја положи својата пурпурна наметка, прстени од скапоцени камења, неговите ленти и сé друго скапоцено што носеше со себе.” (Херодијан, III век н.е.)

Приказната почнува кога во 321 г. пр.н.е. Александровата погребална кочија била киднапирана од генералот Птоломеј во близина на Дамаск, а телото на Александар било пренесено до Мемфис каде бил погребан. Потоа, меѓу 298 – 283 г. пр.н.е. се смета дека Птоломеј го преместил телото на Александар во Александрија и го погребал во првиот тамошен гроб. За време на неговиот син Птоломеј IV Филопатер, Александар бил погребан во 215 г. п.н.е, во нов величествен гроб-мавзолеј наречен Сома. Гробот бил посетен од римските императори Јулиј Цезар, Октавијан Август, Хадријан и Септимиј Север кој го затвора гробот од можно вандализирање. Гробницата на Александар се споменува до IV век, а по христијанските бунтови во 391 г. н.е. во Александрија бил уништен александрискиот Серапеум (храм на богот Серапис), и можеби Александровиот гроб.
Она што е извесно, и од повеќе извори проверено и потврдено е – дека гробницата на Александар се споменува до 4 век, а по христијанските бунтови. Во 391 г. од н.е. во Александрија бил уништен александрискиот Серапеум, и можеби Александровиот гроб.

Следна теорија е дека гробот на Александар е во Македонија. Врз основа на делата на античките историчари Аријан, Диодор, Плутарх, Јустин и Куртиј Руф, како и на современите проучувачи на античката историја на Македонија и Македонското кралско семејство, се повеќе се верува дека телото на Александар било вратено и погребано во Македонија. Местото каде е погребан би требало да се бара во близината на Пела, или во големите пеонски гробишта во близина на Гевгелија и Валандово или античките градови Гортијана, Аталанта и Идомене.

Но, најноваите приказни пласирани во последната деценија, повторно го отвараат прашањето за местото на гробот на Александар. Таа посочува дека можеби гробот на Александар се наоѓа во Венеција!?
Мистеријата е толку голема што и наодот на полските археолози дека гробот на Александар Македонски се наоѓа во Александрија, што долго беше и научно прифатено, последнава деценија станува релативна вистина, бидејќи новите научни технологии за утврдување на старост и состав на артефекти не наоѓаат доволно докази за ова тврдење, а од друга страна се поверојатно е дека во Вергина навистина, во 1977 година, е пронајден гробот на Филип Втори.

Независниот хрватски истражувач Домагој Николиќ тврди дека сознанијата упатуваат на друга локација. Според него, таа локација каде би можел да се наоѓа гробот на Александар Македонски е Црнилиште, близу Свети Николе. Речиси во исто време, пред три години, грчките археолози излегоа со тврдење дека нивните наоди укажуваат на друг наод – гробот на Александар е Амфилополис, во грчката област Серез, каде се погребани жената на Александар – Роксана, како и неговиот син Александар Четврти. Останува да почекаме, и да видиме кој бил во право.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0 | Tags: Мистерија-2
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk