Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Thursday, 2018-08-16, 3:43 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS

Мени
Section categories
Античка Македонија [4]mreza.mk [2]
ЛЕГЕНДИ [12]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 257
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Историја » mreza.mk

ОВА НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ: Во рудникот „Сивец“ во прилепско пронајден бронзен меч од Тројанската војна!
2018-08-06, 10:53 PM

На околу 14 km на север од Прилеп на еден поголем крак од планината Бабуна, пред врвот Мукос се наоѓа превојот Дервен преку кој воделе патишта и уште од древни времиња, а денес се уште има прооден пат преку кој се преминува на територијата на општина Велес.

Околината на овој превој, речиси, сигурно крие интересни остатоци од древните времиња кога овој превој бил многу поактивно користен.

Пред сè, тој е еден од превоите преку кои племињата од север преминувале на територијата на Македонија, најчесто со ограбувачки намери.

Од овие причини тој морал да биде посебно бранет и веројатно на некоја од неговите страни биле градени и објекти кои служеле за таква намена. Тоа посебно важи за периодот од IV–III век п.н.е. кога Македонија е силна империја на Балканот.

 

На 2–3 km. до превојот Дервен се наоѓа селото Нов Присад, а преку еден превој со мала надморска височина јужно од Дервен се оди во Стар Присад. Во близина на Нов Присад се наоѓа и рудникот за квалитетен бел мермер „Сивец“ од кој веројатно потекнуваат голем број мермерни споменици од старите населби низ Македонија1.

Тоа упатува на древната традиција на експлоатација на мермерен камен од овој рудник кој и денес во голема мерка со својата белина ги бранува духовите на пошироката јавност.

Гледано од овој аспект само како старо рудно наоѓалиште овој рудник претставува значаен археолошки локалитет. Во секој случај некои наоди од неговата околина покажуваат древно присуство во неговата околина.

Еден меч од древните времиња пронајден во една случајно откриена некропола на која се истражени 4 гробови претставува интересно археолошко наоѓање. Гробовите кои биле правени со плочи, а наоди имало само во еден од нив во кој е пронајден и бронзениот меч. Заедно со него се пронајдени и еден бронзен прстен и два прдмета од коска.

Тоа се едни од ретките наоди регистрирани од археолозите иако големиот број раскопани дупки по теренот околу Присад покажува дека дивите трагачи се постојано присутни овде и веројатно голем број археолошки предмети красат некои непознати збирки.

Самиот факт што во гробовите кај Присад се пронајдени бронзени предмети буди асоцијација на бронзеното време. Археолозите, сепак, таквите наоди ги датираат на почетокот на железното време.

Бронзениот меч датира од XII век п.н.е. што не потсетува на времето на Тројанската војна опишана во еповите на Хомер која се случила на почетокот на истиот век и траела цели 10 години.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0 | Tags: ОВА НЕ СТЕ ГО ЗНАЕЛЕ
Логирај се
Кредит
Your shopping cart is empty
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2018
    www.mreza.mk