Прошета се млад војвода ♦ Prosheta se mlad vojvoda
Entry description:
Прошета се млад војвода - во исполнение на Стојан Борисов, с.Черешница, Сандански
Прошета се млад војвода
низ таја гора зелена,
низ таја гора зелена,
низ таја Перин планина.
Шеташе се низ гората
и си гората питаше:
- Ој, ле горо, милна сестро,
не виде ли кој помина?
Никој гора не говори,
на јуначе проговара:
- Ој, јуначе, млад војвода,
сношти комити минаја.
- Сношти комити минаја
и за тебе збор збореја:
„Дека е Гоце да дојде,
четата да си поведе,
дека е Делчев војвода,
четата да си поведе?!“
Language: Русский