Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин а потоа во Шведска.Во април 1990 година Драган Богдановски од Шведска заминува во Берлин.На 17.Јуни.1990 год. се одржа Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје.На основачкото собрание во Скопје Драган неможеше да присуствува затоа што не поседуваше Југословенска патна исправа.Веднаш по доаѓањето во Берлин, по излегувањето од затворот Идризово ја искина со зборовите: „Јас нема да ја носам оваа патна исправа затоа што не е Македонска".На 6 и 7 април 1991 год во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата.Во септември 1991 год. во Берлин, се одржа првото советување на македонците во дијаспората. За претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран Драган Богдановски.
Во 1993 год.Драган Богдановски меѓу првите ја согледува заблудата околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, чиј директен оснивач и идеолог е самиот тој. На крајот на 1993год. доаѓа до конечно разделување со Љупчо Георгиевски и со партијата, што самиот ја основа.
Драган Богдановски умре на 31.05.1998 година во Копенхаген, на пат од Шведска за Берлин.Сите подготовки за префрлање на посмртното тело на Драган од Данска за Македонија беа организирани од Задраничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ.На погребот во Куманово за жал не присуствуваше ниту еден од тогашното раководство на партијата.Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.