ОВЧЕПОЛСКИ КНЕЗ МИШЕ РАЗВИГОРОВ
Развигоров бил учител и војвода во штипската околија кој уживал голема популарност кај народот поради неговите активности за подобрување на социјалната положба, како: помагање на селаните за откупување на земјата од беговите, ослободување на долговите на задолжените селани кај евреите, поништување на турските документи во кои се воделе задолжените селани, формирање помагателни каси, итн. Тој извршил големо влијание и во другите околии во Источна Македонија. Како резултат на неговите активности, населението го нарекувало Овчеполски Кнез.