Автомобилите со електричен погон ќе станат конкурентни на возилата кои користат нафтени деривати дури кога ќе бидат во состојба со едно полнење на батеријата да преминат барем 500 километри, смета првиот човек на Mercedes, Дитер Цече.Според неговите зборови, вториот предуслов е намалувањето на цените на погонските батерии, што ќе доведе и до ниска малопродажна цена на електричните автомобили.
Во разговор со новинарите на саемот за автомобили во Женева, Цече подвлече дека наведената километража е разумен број кој кон производителите треба да тежат доколку сакаат моделите со електричен погон да биде општоприфатени. Тој доддаде дека на растот на популарноста на електромобилите влијаат голем број фактори, и посебно ги издвои трошоците за изработка на погонската батерија.
Цече процени дека цената на овие батерии засега изнесува околу 155 евра/kWh, и смета дека е потребно истата да опадне на 100-120 евра/kWh, за да електричните модели бидат поконкурентни на автомобилите со конвенционален погон.
Шефот на Mercedes верува и дека експанзијата на Plug-In хибридните модели претставува чекор напред кон масовната употреба на чистите електрични автомобили. Слично мислење има и генералниот директор на Audi, Руперт Штадлер, кој хибридите со приклучок за полнење на батеријата исто така го доживува како “минлива технологија” до широко прифатените електрични возила. Тој смета дека е потребно да поминат уште најмалку десетина година за продажбата на електричните автомобили да се одвива масовно и на глобално ниво.
Актуелниот модел на Mercedes со електричен погон – B класа, “Electric Drive”, има автономија во возењето од околу 200 километри.
|