Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Friday, 2024-04-26, 3:16 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Domestic Animals [6] Marriage Agencies [0]
Romantic Contacts [0] Children's Room [0]
Family Leisure [0] Online Acquaintances [0]
Your Habitation [0] Skillful Hands [0]
Kitchen [0] Farmstead [0]
Private Life [0] Cosiness and Comfort [0]
Fashion and Beauty [0] Good Housewife [0]
Holidays [0]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Home » Domestic Animals

АНТИКА И СРЕДЕН ВЕК: Македонците не се од вчера, па некој да ги третира како северно македонска салата! - 2
2018-08-03, 0:08 AM

Во науката аргументирано се тврди дека формирањето на темата Македонија во Тракија било извршено претежно од побегнатите жители од Македонија, односно Македонците.

Кога Словените почнале да се именуваат како Македонци?

По слабеењето на тематскиот систем во Византија, особено во 12-ти век, поимот Македонија во неговото административно значење сé помалку бил во употреба, односно под влијание на класицизмот се враќа поимот Македонија во неговото класично, историско-географско значење. Оттогаш постепено терминот бил употребуван не само за означување на територијата на Македонија во нејзиното античко значење, туку зачестила употребата од страна на нејзините жители, за кои во изворите се потенцирало дека се од Македонија или дека се Македонци. Ваквото именување постепенено го прифатиле и новите жители Словените, кои според територијата, но и според народот што го претопиле, самите почнале да се именуваат како Македонци:

„Каков бил односот на Словените кон староседелците Македонци, и како продолжило нивното понатамошно живеење, всушност е прашање што се поставува секогаш кога се зборува за континуитетот на Македонците. Староседелците во Македонија, во време кога Словените го населиле овој простор главно биле мешавина од остатоците на старите Македонци и многубројните романски и ‘варварски’ колонисти, кои се стопиле во доминантната словенска маса. Значи, според бројни историски факти, со сигурност може да се каже дека античките Македонци всушност се претопиле во словенското море и, според проф. д-р Стјепан Антолјак, „името на Македонците преминало во меморијата на новонаселените Словени, кои почнувајќи од 10-от век и од страна на византиските автори биле нарекувани Македонци“.

Меѓусебното културно-цивилизациското влијание помеѓу староседелците и Словените бил подолготраен процес од што прво произлегла христијанизацијата на Словените, мешањето на обичаите и наметнувањето на името Македонија за Словените што ја населиле, а подоцна, постепено, низ Средниот век се наметнало и името Македонци за жителите кои ја населиле Македонија. Староседелците, кои полека се изгубиле во словенското мноштво, го примиле јазикот на дојденците, азбуката која била создадена, прво глаголицата, а потоа кирилицата, при што во долготрајниот етногенетски процес низ Средниот век се формирал современиот македонски народ и соврмениот македонски јазик. Првото спомнување на името Македонија поврзано со Македонските Словени е кај Анастасиј Библиотекарот а е поврзано со византискиот воен поход против Словените во 759-та година.

Анастасиј сосема јасно ги разликува Словените од Бугарите, како и византиската административна единица, односно темата Македонија, од Македонија во нејзиното античко значење, сега е населена со Словени. Тој пишува дека „во осумнаесеттата година од своето царување, Константин ги заробил склавиниите во Македонија, а останатите ги покорил“. За употребата на името Македонија во почетокот на 9-от век особено интересно е сфаќањето на византискиот цар Михаил Втори. Во писмото од 10-ти април 824-та година упатено до императорот на Светата римска империја, Лудовик Благочестивиот, византискиот цар известува за настани кои се случиле во времето на неговото владеење.

Византискиот цар го известува Лудовик за тешките трауми што ги доживеало Византиското царство за време на Тома Словенот од 820 до 824-та година, пишувајќи дека „откако ги собра нашите кораби и дромони, имаше можност да дојде во делови на Тракија и Македонија. Доаѓајќи таму тој го опседна нашиот град, – се мисли на Константинопол, – и го опколи со флотата во декември 821 година. Понатаму во писмото се истакнува дека Тома Словенот во своите редови имал многу востаници од различни области, меѓу кои и од „краиштата на Мизија, Европа, Тракија, Македонија, Тесалија и од Склавиниите, кои беа наоколу“. Исто така и Јован Каменијат, свештеник од Солун и византиски писател, во своето дело „За заземањето на Солун“ од страна на Арапите во 904-та година, како сведок на настаните меѓудругото запишал драгоцени податоци за Македонците.

Опишувајќи ја околината на Солун, авторот дава извонредни податоци за Драгувитите и Сагудатите, кои биле под управа на градот Солун, потоа за Струмјаните, кои живееле подалеку, но и за другите племиња, како и за нивните односи со Византија и византските власти. Во ова свое дело тој констатира дека словенските племиња само формално ја признавале византиската власт“, вели д-р Бошковски.

Константин Перфирогенит пред 13 века ниту еднаш не го употребил терминот Бугари за Македонците!

Според Константин Порфирогенит „темата Стримон се присоедини на Македонија, и за неа никаде не станува збор како за тема туку се вбројува во редот на клисурите. Неа ја користат Скити, наместо Македонци, откако нив Јустинијан Риномет ги преселил во планините на Струма и приодните клисури“. Спомнувањето на Македонците кон крајот на седми век во областа Стримон е втор податок за нивното опстојување во Македонија, како Македонци. Истиот автор пишува дека „Тесалоника која е уредена како тема, исто така е дел на Македонија: „И за да не ги наведувам туѓите и старите свидетели за таа работа, вели тој, веродостоен свидетел е Христовиот свети апостол Павле кој ја нарекува Македонија. Тој пишува вака: ’Со нас беше Аристарх, Македонец од Тесалоника’, а Тесалоника е метропола на Македонија, која во македонските градови ја става и граматикот Хиерокле“.

Важно е и тоа што Константин Перфирогенит ниту еднаш не го употребил терминот Бугари за македонските Словени, односно за Македонците кои биле под бугарска власт во негово време, со што јасно ги разграничува Македонците од Бугарите. Тој за Словените во Македонија ги употребува термините Словени, Скити и варвари, а доследен и е при употребата на поимот Македонија како земја која ја населиле Словените, притоа игнорирајќи го поимот Бугарија за териториите кои Бугарите ги освоиле од Македонија.Византискиот историчар Лав Ѓакон напишал историја во 10 книги, која го опфаќа периодот од 959-та до 976-та година, но пишува и за настани кои се случиле до 989-та година. Се разбира дека во пишувањето користел мноштво антички и рановизантиски автори на кои се повикува во своето дело. Меѓудругото, во една од своите десет книги, има детален опис на битката кај Трајановата врата од 17 август 986-та година кога македонската војска предводена од Арон и Самоил извојувала блескава победа над византиската војска која ја предводел царот Василиј Втори.

Притоа Лав Ѓакон жителите на средновековна македонска држава, чиј прв владетел бил Самоил, ги нарекува Скити и Мизи, а не Бугари, додека оние што биле под Византија останале Македонци. Византискиот историчар Јован Скилица опишувајќи го земјотресот што се случил во 1037-та година пишува: „Во 6546 (1037), 6-ти индикт, на втори ноември, се случи земјотрес во десет часот дента и земјата продолжи да се тресе дури до крајот на месец јануари. Настана глад во Тракија и Македонија, Стримон и Солун, дури до Тесалија“. Во редицата византиски автори, кои го користат името Македонија и Македонци за словенското население кое го населило овој историско-географски простор на Македонија, е и учениот византиец Ефраим, кој во 1313-та година напишал хроника во која, пишувајќи за навлегувањето на Норманите во 1185-та година, ќе констатира дека го „зазеле градот Солун, метрополата на Македонците“. Значи, метропола на Македонците, а не Грците, а притоа станува збор за почетокот на 13-ти век, кога во Солун веќе живееле Македонските Словени“. Според тоа сосема е јасно дека Солун, како прв град во земјата на Македонците е спомнат не само во неговото античко, туку и во современото значење за 14-ти век.

Што се однесува до Јован Кантакузин, кој е роден 1295-та година, а византиски цар бил од 1347-та до 1354-та година, треба да се каже дека, освен што бил талентиран војсководец и извонреден државник, тој исто така е и најистакнат византиски писател од 14-от век. Тој во своите дела мошне конкретно и прецизно ги користи поимите Македонија и Македонец. Според Кантакузин, царот Андроник Трети кон крајот на 1327-та година, заедно со него како доместик, „откако го зеде преостанатиот дел од војската ( дел оставил во Тракија) се упати кон Македонија за да се бори таму со војсководачите на стариот цар од западните области“, но набрзо бил известен дека војските на стариот цар Андроник Втори и сојузничката војска на Србите „се улогорила кај македонските градови Филипи и Драма“.

Според проф. д-р Милан Бошкоски од Институтот за национална историја во Скопје, имињата Македонија, Македонци, македонски постепено се наметнувале како единствени имиња за народот, територијата и јазикот што се зборувал на територијата на класична Македонија. Постепено низ Средниот век територијата на која живееле македонските Словени, како доминантно население, од страна на другите, но и од самите жителите била именувана како Македонија, а луѓето што живееле на тој простор, особено од 14-ти век наваму, веќе и самите себеси се именувале како Македонци. Во византиските извори од 14-ти век областите во Македонија редовно се именувани со името Македонија или биле користени термините македонски области и македонски градови. Во секој случај, Македонците не се од вчера па некој да ги третира како пилиштарци, да им навива часовници и да им кажува што да прават и како да прават за да се уништат самите себеси во дваесет и првиот век.

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0 | Tags: АНТИКА И СРЕДЕН ВЕК - 2
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk