Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Saturday, 2024-04-27, 9:34 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Македонски манифест: Партиските интереси да не се ставаат над државните

 

Македонскиот манифест во отвореното писмо ги повикува граѓаните на Република Македонија да бидат единствени и спремни на силен отпор против, како што велат, сите кои работат на разнебитување на македонската држава.

                                                                     

Создавањето и постоењето на Македонски манифест, како што наведуваат неговите членови, е поврзано со зачувување на македонското име (идентитет) и територијалниот интегритет на македонската држава, која веќе 25 години е под силен притисок на надворешни и внатрешни непријатели.

- Македонскиот манифест секогаш бил против поставување на партиските интереси над националните и државните, затоа што со нив се прават поделби на македонскиот народ и се урива државноста. Денешната драматична состојба во Република Македонија наликува на таа од пред 2001 година. Иста е и целта, се вели во писмото.

Од Македонскиот манифест апелираат да се внимава на состојбите во македонските државни институции, но и на однесувањето на политичките партии.

- Не смееме да попуштиме пред надворешни и внатрешни фактори кои би имале за цел да го загрозат македонскиот државен интегритет и суверенитет, се наведува во отвореното писмо до граѓаните на РМ.

Македонскиот манифест ги повикува двете најголеми македонски партии, како што велат „да не си играат со македонските национални интереси затоа што Република Македонија не е нивна приватна сопственост“.

 
Логирај се
Пребарубач
Календар
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Архива
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk