Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Saturday, 2024-04-27, 1:39 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Петар Прличко



Ликовите на незаборавниот Мандана, Фезлие, стрико Тале, Диме грлатиот, дедо Дојчин, Арсо, Јеротие Пантиќ- на платното и театарските штици ги овековечи македонскиот актер Петре Прличко.
Со право титулата за најголемиот меѓу актерите во историјата на македонската театарска и филмска уметност му е наменета на Петре Прличко. Уште како 16-годишно момче го обзема магијата на театарот. Во 1923 година заминува со патувачкиот театар на Михајло Лазиќ, во непознат но магичен свет.Тој свет ќе му донесе блескава седумдецениска, најверојатно најинтензивна кариера што некој македонски актер успеал да ја оствари. Одиграл повеќе од 500 најразновидни улоги во театар, на филм и на телевизија, а реализирал и преку 30 режисерски постановки.

Неговите пријатели и оние кои само го запознаа, вака би го опишале- Тој е популарен не само во Македонија, туку и надвор од неговата земја и ги добивал најпрестижните награди кои можел да ги добие еден актер. Прличко беше синоним за македонскиот театар, за кого сите знаеја. Тој беше многу симпатичен човек, многу комуникативен. Таа добрина што ја имаше, таа дрдорливост, срдечност која ја носеше, пленеше, насекаде ги воодушевуваше луѓето и тие се собираа околу него. Петре Прличко е човек со ѕвезда. Нема многу актери кои имаат ѕвезда.

Е, Петре ја има ѕвездата која го вброи меѓу ѕвездите- него ,,му беше дадено‘‘. Со таа негова ѕвезда, со таа негова добрина, ги популаризираше нашиот- македонски театар и македонски филм.

Во куќата на Прличко гостите секогаш беа добредојдени и угостени со македонски јадења. Уживаше да собира луѓе околу себе.

За него и за неговиот блескав театарски живот е тешко да се кажат само биографски податоци, но еве едноставно - роден е во Велес, на 13 март 1907 го дина, на благословеното велешко брдо Коинк ( каде е роден и Коста Солев Рацин). Татко му бил меанџија, имал меана на железничката станица во Велес, весел човек. Сакал малку и да се напие, прв боем во семејството Прличкови, заради што не биле многу среќни мајка му и баба му. Шеснаесетгодишниот Петре се школувал во родниот град и еден ден, враќајќи се дома, од училиште, на улица сретнал необични луѓе, кои дотогаш не ги видел.

Тоа биле актерите од патувачката група на Михајло Лазиќ, патувачки актери кои чергареле од град во град. Фасциниран од нивната игра и спобудален од тоа како изгледаат и колку се необични актерите, постојано одел да ги гледа. Во 1923 година тие му дозволиле да излезе на сцена и да одигра мала ролја во претставата 'Бој на Косово'. Не можел да издржи, скришно, никој да не знае, се качил на воз и побегнал од дома. Така станал актер. Патувал со најразлични патувачки театри, а подоцна формирал и свои, еден од нив бил наречен 'Боем'. Тоа го работел од 1923 до 1939 година". Претставите се играле во кафеаните. Најубавата девојка од театарот се движела меѓу гостите и со шешир ги собирала парите. На овој начин Прличко заработувал за живот, што мора да се признае не било воопшто лесно. Во 1939 година бил ангажиран во тогашното Народно позориште "Александар I" во Скопје и станал вистински професионален актер.


Во 1941 година заминале Србите, дошле Бугарите, а Петре продолжил да игра на сцената на истиот театар, кој денес се вика Народен театар Скопје. Во 1944 година й се приклучил на театарската трупа 'Кочо Рацин' . Глумел, играл, правел сe што знае и умее, а потоа се вратил во Скопје и во јануари 1945 година влегол во првиот ансамбл на Македонскиот народен театар. Во овој театар првата претстава ја одиграл на 3 јануари 1945 година и учествувал во речиси сите тамошни претстави до крајот на неговата кариера. Последната претстава ја играл во април 1989 година, по игра на случајот во Велес, родниот град, по 66 години кон тинуирана кариера, без запирање, без прекин. Иако не можеме точно да изброиме, сепак се смета дека одиграл околу 8.000 претстави. Во негово време театарската претстава просечно траела три часа, а тоа значи дека на даските што живот значат Перица минал 24.000 часа или 1.000 дена. Тоа се бројки кои зашеметуваат.

Освен ова, снимил 32 филма, напишал 6 драмски текста, сите се играни, направил 11 драматизации, умеел и убаво да пее, па така можеле да го видат и во опера и во оперета.
Почина во 1995 година. На својот стоти роденден, - тој симболично се врати дома, во центарот на Велес.

Ако се обидете да го споредите со други големи ѕвезди од европската театарска историја- нема да може да најде ниту една која би можела да се мери со него. Тој е балкански актер, олицетворение на таа балканска театарска традиција, која што е емотивна. Петре Прличко играл во многу македонски филмови, но одиграл голем број ролји во филмовите на другите балкански продукициски куќи. Јазикот не му бил пречка. Последното негово гостување надвор од Македонија било во 1980 година на еден и сега многу престижен хрватски, но и европски театарски фестивал "Дубровнички летни
игри".

Неговиот пробив надвор од земјава почнал со филмот "Мис Стон" и тогаш улогата на Мандана му ја носи една од најрелевантните актерски награди кои можела да се добие во тоа време - "Златна арена" на Филмскиот фестивал во Пула. Оттогаш почнува неговата голема филмска кариера.
Филмографија – македонски филмови

• Фросина - 1952 (Главна улога)
• Волча ноќ - 1955 (Главна улога)
• Мис Стон - 1958 (Главна улога)
• Виза на злото - 1959 (Споредна улога)
• Мирно лето - 1961 (Главна улога)
• Солунските атентатори - 1961 (Главна улога)
• Твојот роденден - 1961 (Главна улога)
• Денови на искушение - 1965 (Главна улога)
• До победата и по неа - 1966 (Главна улога)
• Каде по дождот - 1967 (Споредна улога)
• Македонска крвава свадба - 1967 (Главна улога)
• Мементо - 1967 (Главна улога)
• Планината на гневот - 1968 (Главна улога)
• Републиката во пламен - 1969 (Главна улога)
• Жед - 1971 (Споредна улога)
• Македонски дел од пеколот - 1971 (Главна улога)
• Време, води - 1980 (Главна улога)
• Време, живот - 1999 (Главна улога)

Логирај се
Пребарубач
Календар
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Архива
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk