Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Saturday, 2024-04-27, 1:27 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0

Константин Димитров Ципушев

познат и како 

Коце Ципушев 

(1877 - 1968)

Коце Ципушев бил македонски  револуционер, деец на Македонската Револуционерна Организација.е роден во Радовиш во 1877  година. Завршил прогимназија во родниот град, после тоа во 1895 г. го продолжил своето образование во  Солунската машка гимназија во Солун. Во Солун станал член на тајниот ученички кружок, кој претставувал помошна единица на ВМОРО под раководството на Даме Груев.. Ја завршил гимназијата во 1899 година. Се жени за сестрата на  Тодор Александров.

За време на 1899 година се запишува во Софискиот универзитет во Софија, како студент по хемија. Од 1900 до 1902 година го продолжил образованието во Женева, каде студирал заедно со Симеон Радев. После завршувањето на студиите се вратил како учител во родниот крај, каде ја продолжил револуционерната дејност, станувајќи раководител на револуционерниот комитет во Кочани. Во почетокот на 1903 година заминува за Костур. Уапсен е од властите и лежи во Битола до април 1904 година. Во март 1906 година властите повторно го затвараат за четири месеца во Куршумли ан во Скопје.

Во 1913 година после Втора балканска војна е принуден да се пресели во Софија. Од 1914 година е претседател на Окружната постојана комисија на ново-ослободениот Струмички округ. Раководи со револуционерниот пункт во Струмица според директивите на Тодор Александров. 

После завршувањето на Првата светска војна на 6 ноември 1918 г. е уапсен од англиските окупациски војски, предаден е на српските власти, коишто по измачување го осудуваат на смрт, заменето покасно со 20 годишна затвор . Излегува од затворот во 1937 година.

Во 1943 година во Софија ги публикувал своите сеќавања, под насловот „19 години во српските затвори. Спомени". Книгата покасно е систематски уништувана од комунистичките власти. Се враќа во Македонија после анексирањето од Бугарија во 1941 г. После 1944 г. е принуден да се врати повторно во Софија. Умира во Софија на 11 јануари 1968 година.

Неговите сеќавања „19 години во српските затвори. Спомени".на Македонски литературен јазик се издадени во Скопје во 2003 г. од страна на фамилијата ЦИПУШЕВИ



 

Логирај се
Пребарубач
Календар
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Архива
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk