Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Saturday, 2024-04-27, 2:54 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Драган Богдановски




Драган
Богдановски, е роден на 18 септември  1929 год во с.Клечовце-Кумановско.Потекнува од фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на Атанас Бабата).Драган, основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола. Во 1948 год. се запишува на факултет за Земјоделство и Шумарство во Белград.Во Белград уште во третиот семестар од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на Македонски студентски клуб за која активност лежел 4 месеци во затвор.Драган по излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот, без право на упис на било кој факултет во Југославија. По забраната да студира во Југославија, заедно со неколку студенти во 1950 год. кај Гевгелија ја преминува границата кон Грција.Кон крајот на 1950 год. заминува за Јужна Америка, во Аргентина и Бразил престојува се до 1954 год. Од Јужна Америка заминува за Франција. Во Париз, на Сорбона, се запишува на факултет за политички науки и журналистикаПосле кратко време, во Париз со негови истомисленици ја формира организацијата Македонски национален фронт и издава весникМакедонска искра. Од овој весник успеваат да излезат само неколку броеви. По интервенција на Грчката амбасада во Париз, Француската влада го забранува овој весник како националистички и антигрчки.Во 1958 год. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, заминува да живее во Норвешка. Драган со Брита има два сина, Пер-Арне и Иван.Во истата година Драган издава повеќе весници, списанија и книги. Во Осло го издава списанието Македонска лоза" и Слободна Македонија" потоа го печати весникот Македонија" и списанието Македонска нација".Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган беше претседател на ДООМ до 1977 год. ДООМ беше активна кон македонците кои по 60-те години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини.Драган и другите членови и симпатизери на ДООМ многу брзо наидоа на проблеми со тогашната УДБА.Во Минхен, од страна на УДБА, беше убиен секретарот на ДООМ, Благој Шамбевски. Благој Шамбевски беше убиен во хотелот во кој работеше, убиен беше во соба со тврд предмет. Исто така во Минхен, УДБА организира кражба на кириличните слова и беше искршена печатницата, во која се печатеше списанието Македонска нација.Во 1977 год. Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје.За време на префрлањето до Југославија, Драган бил во бесвесна состојба. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци.Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор.

Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин а потоа во Шведска.Во април 1990 година Драган Богдановски од Шведска заминува во Берлин.На 17.Јуни.1990 год. се одржа Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје.На основачкото собрание во Скопје Драган неможеше да присуствува затоа што не поседуваше Југословенска патна исправа.Веднаш по доаѓањето во Берлин, по излегувањето од затворот Идризово ја искина со зборовите: Јас нема да ја носам оваа патна исправа затоа што не е Македонска".На 6 и 7 април 1991 год во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата.Во септември 1991 год. во Берлин, се одржа првото советување на македонците во дијаспората. За претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше избран Драган Богдановски.

Во 1993 год.Драган Богдановски меѓу првите ја согледува заблудата околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, чиј директен оснивач и идеолог е самиот тој. На крајот на 1993год. доаѓа до конечно разделување со Љупчо Георгиевски и со партијата, што самиот ја основа.

Драган Богдановски умре  на  31.05.1998 година во Копенхаген, на пат од Шведска за Берлин.Сите подготовки за префрлање на посмртното тело на Драган од Данска за Македонија беа организирани од Задраничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ.На погребот во Куманово за жал не присуствуваше ниту еден од тогашното раководство на партијата.Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.

Логирај се
Пребарубач
Календар
«  April 2024  »
SuMoTuWeThFrSa
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
282930
Архива
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk