Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Thursday, 2024-11-21, 12:38 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Hardware [4] Digital World [0]
Computer Security [0] Peripherals [0]
Documentation [0] Programming [0]
Online Computer Forums [0] Software [0]
Mobile PCs [0] Networks [0]
Operating Systems [0]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 2
Guests: 2
Users: 0
Home » Site Catalog » Computers » Hardware

Sites in category: 4
Shown sites: 1-4

Sort by: Date · Name · Rating · Clicks

За нештата да бидат појасни. Бараме признание на нашето име и идентитет, од држави, кои ја формирале грчката нација и идентитет, кои ја одобриле поделбата на Македонија во 1913 година, а сега сакаат по секоја цена да не ‘пикнат’ во нивната Алијанса, како безимени и апатриди. На чело на оваа анти-македонска алијанса е Германија, која својата цел сака да ја оствари перфидно преку Велика Британија, а Америка, како нова држава (постои едвај двеста и нешто години) и е една од воените велесили на светов, е само инструмент кој во овој момент е способен да им ја реализира нивната желба.

А секако тука е и фактот дека во целата оваа конструкција има учество и на Русија, која за разлика од минатото, сепак има свој позитивен контекст, барем од осамостојувањето на Македонија.

Подолу наведениот текст е само фактографско наведување на случувањата, без некоја поширока анализа за тогашните случувања, кои, се разбира, треба да ги гледаме од поинаков аспект. Со Договор меѓу Големите сили, Франција, Велика Британија и Русија, во 1830 година, за Крал на Грција, требало да биде избран Леополд Саксонкобурски, но тој се откажал од престолот.

Две години подоцна, со нов Договор (Конвенцијата од Лондон), помеѓу Франција, Велика Британија и Русија, како и Баварска, Грција на 7 мај 1832 година добива државност. Со овој Договор утврдени се условите и начинот на управување на младиот крал Ото Фридрих Лудвиг фон Вителсбах (Otto Friedrich Ludwig von Wittelsbach), од Баварија, вториот син на баварскиот крал Лудвиг Први.

На 1 ноември 1832 година во Минхен бил потпишан Договор за Сојуз и Пријателство меѓу Баварија и Грција, со кој бил регулиран престојот на 3.500 баварски војници на грчка територија на три години. Откако биле регулирани односите, Ото можел да пристигне во неговата нова татковина, и тој доаѓа на престолот на ова кралство на 6 февруари 1933 година, во Нафплион, Пелопонез. Со ова, територијата на кралството Грција станува протекторат на трите најмоќни држави во тоа време, Франција, В. Британија и Русија.

Овие држави потпишале и Договор со Отоманската Империја, со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос. Со тоа Грција почнала да функционира како некаква независна држава.

Фридрих Ото, ја носел титулата Крал на Грција, но Големите сили не дозволиле да се нарече и Крал на грците. Дека до тогаш, грците не постоеле како нација, ниту како држава, кажува фактот дека тие ниту се спомнуваат во Договорот, ниту се потписнички на истиот.

Во тоа време, 1833 година, кралот Ото бил малолетен, па со Кралството Грција, до 1835 година, управува Совет од тројца ‘намесници’ од Баварија, Јозеф фон Араманшперт, Лудвиг Маурер и генерал Kарл Вилхелм фон Хајдем.

Тогаш е отпочнато со ‘изградба на свеста’ на месното население, за создавање ‘грчка нација’. Во Кралството функционирале три политички партии: Француска, Британска и Руска, од кои само Француската партија била за ‘мегали идејата’.

За да биде се, како во права држава, на 4 август 1833 година, со Декрет на ‘намесниците’, било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна црква. Цариградската патријаршија, не дала согласност за формирањето на црквата. Kој и кога ја признал грчката црква е прашање што треба да се истражува и анализира.

Синодот на новосоздадената расколничка православна црква, бил потчинет на баварскиот крал Ото, кој бил католик. За таа цел, исто така, со декрет, било создадено и посебно Министерство за Вера, по што се прават реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква, стоеле англиската и француската партија. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, бидејќи тоа не било во согласност со нејзините интереси. За тоа, имала поддршка и од Цариградската патријаршија, како и од некои видни Грци во самото кралство, приврзаници на Цариградската патријаршија.

Како се одвивала „изградбата на грчка свест на населението“, кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат бил спремен, да ги акредитира своите први дипломатски претставници во поголемите европски држави. Иако, не се постигнала согласност за трговска соработка, помеѓу Кралството Грција и Отоманската Империја, сепак со помош на Рускиот пратеник Бутењев, Кралството Грција успеало да издејствува седум, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места. Така на 6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул, Валијанос, во Македонија со седиште во Солун. Со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија.

Следната година, во јуни 1835 година, во чест на роденденот и полнолетството на кралот Фридрих Ото, престолнината на Грција, од Нафплион, Пелопонез, била преселена во Атина, која полека почнала да се издигнува.

Тогаш се започнува и со измислување или ‘настанување’ на грчката историја, во кабинетите на француските, британските, руските и баварските историчари и политичари, на што се приклучиле и историчари од тогашна Австро-Унгарија.

И на крајот, интересно откритие за фејк историските споменици во Грција од Рускиот инженер Алексеј Кунгуров кој тврди дека не само грчката историја туку и нивните историски споменици не се тоа зашто се представуваат. Правејќи анализа и споредба со спомениците направени во тоа време во Ст. Петерсбург, Кунгуров заклучува дека Партенон е лажен споменик изработен многу подоцна со цел привлекување на туристи и дека Партенон воопшто нема темели!

Од блогот Република Македонија

Hardware | Transitions: 0 | Date: 2018-08-12

ИНТЕРВЈУ
Ѓорѓе Николов – Радулов, истражувач на македонската историја
ПОЛОВИНА ОД ЖИТЕЛИТЕ НА СОФИЈА СЕ МАКЕДОНЦИ
Разговарал: Ицо НАЈДОВСКИ

Во Бугарија можеме слободно да речеме дека немаме никакви права. Владејачкиот естаблишмент не признава македонска нација.
Господинот Радулов е роден во селото Кремен, Пиринска Македонија. Се школувал во родното село, а потоа во Софија. По професија е инженер. Во интервјуто, кое е емитувано на Радио “Три пати зет” во Мелбурн, говори за правата на Македонците во Бугарија и за неговата најнова книга “Кој ја фалсификува историјата”.

МС: Господине Радулов, кога започнавте да се занимавате со правата на Македонците во Бугарија?

РАДУЛОВ: Би сакал да кажам дека со македонската историја се занимавам уште, можам да речам, откако сум роден. Ова прашање многу одамна ме интересира и овде во Бугарија можеме слободно да речеме дека немаме никакви права. Сега со демократизацијата во Бугарија, може малку послободно да се каже тоа што се мисли. Инаку, владејачкиот естаблишмент на Бугарија не признава македонска нација, а обичните Бугари се поделени. Едни постојано пишуваат дека Македонците се Бугари, дека нема македонска нација и слично.

МС: Која е целта? Зошто тие дезинформираат дека не постои македонска нација?

РАДУЛОВ: Ова прашање е сложено и на прва рака тешко е да се одговори. Најнапред, ако се признае дека постои македонска нација, ќе произлезе дека Св. Кирил и Св. Методиј не се Бугари, како што овде се тврди. Потоа има многу херои кои се Македонци и кои во бугарската историја се претставуваат како Бугари и на крајот тие се плашат оти Македонците ќе си ја побараат Пиринска Македонија.

МС: Како се чувствува македонскиот народ таму во Пиринска Македонија и на другите места? Дали тие се сметаат за Македонци?

РАДУЛОВ: Јас сакам да потенцирам дека овде има секакви луѓе. Најпрво сакам да кажам дека во Бугарија македонскиот народ е подложен на еден многу тежок информативен притисок. Секој час, секој ден, вие можете по ТВ, по радио, по весници да прочитате материјали кои се со македонска содржина. Треба да повлечам дека секој Македонец уште на 7 – 8 годишна возраст учи бугарска историја т.н. “Родинознание”, во кое се зборува дека Македонија е бугарска и дека тој самиот е Бугарин и тоа е времето кога еден човек нема информација. По сето тоа на еден таков човек тешко е да му се објасни дека тој е Македонец. Така, има Македонци кои се сметаат за Бугари, а има доста Македонци кои се сметаат за македонски патриоти.

МС: Господине Радулов, кога отприлика Македонците дознаваат дека не се Бугари, дека имаат своја култура националност, обичаи, традиции?

РАДУЛОВ: Овде ова е тешко, затоа што во училиште сите учат дека се Бугари и дека сето ова е бугарско. Ние овде имаме само еден весник, “Народна волја”, немаме голема можност да пишуваме и да издаваме книги. Сето тоа е под цензура од власта и овде не се дозволува да се учи македонска историја, македонски јазик. Сметам дека ако во училиште се учи македонска историја уште во почетните одделенија, тоа ќе биде решено.

МС: Според Вас, колку време ќе одземе Македонците да почнат да учат македонска историја и колку отприлика сметате дека има Македонци во цела Бугарија?

РАДУЛОВ: Тешко е да се каже. Овде во Бугарија имаше тројца или четворица претседатели откако се смени комунизмот. Сите тие се бугарски националисти. Можам да подвлечам дека последниот претседател има завршено историја и е на бугарско-шовинистички позиции.

МС: Мислите на претседателот?

РАДУЛОВ: Да, да. А за бројот на Македонците исто така тешко е да се даде точна бројка. Јас можам да кажам дека половина од жителите во Софија се Македонци. Инаку, по мое мислење, луѓето што имаат македонски корење, македонска лоза не се помалку од два милиона. Но, има многу луѓе кои се заведени и со мешани бракови.

МС: На крајот да Ве прашам за книгата “Кој ја фалсификува историјата”. За што пишувате во неа?

РАДУЛОВ: Оваа книга ја напишав како одговор на една книга која излезе во Бугарија – “Десетте лаги на македонизмот”. Во таа бугарска книга има многу лаги и невистини. Тоа ме иритира и ме возбуди и ме натера да му одговорам на овој автор. Во мојата книга решив да покажам дека во сите балкански истории има многу лаги, додека најмалку лаги има во македонската историја. Македонската историја е пишувана последните 50 години и непрекинато Македонците се атакувани од историчарите од соседните земји на Македонија, така што во македонската историја нема лаги и мислам дека се е за почит. Во книгава, исто така, подвлекувам какви лаги има во бугарската историја и давам одговор на тие лаги што им се припишуваат на македонските историчари. Покажувам, се надевам, со факти дека ова не е точно и не така. Потоа кажувам дека ние, балканските народи, мора да се разбираме и почитуваме затоа што балканската интелигенција180 години непрекинато работи да не раздели и да не спротивстави еден со друг. Сега е потребно да работиме за добро разбирање меѓу балканските народи.

МС: Ние добивме порака за помош на весникот “Народна волја” затоа што се наоѓа во криза?

РАДУЛОВ: Добро ќе биде ако Македонците во Австралија го помогнат весникот. Навистина овде имаме проблеми со надлежните власти и добивање на државни средства за издавање на весникот, а тоа е еден весник кој е неопходен за Македонците во Бугарија. Тој е единствениот весник којшто го имаме на македонски јазик.

Hardware | Transitions: 0 | Date: 2018-08-03

Најновите билборди за „Нашето име е Македонија“ содржат пораки за Македонците во Република Македонија од потчинетите Македонци од Пиринска Македонија, во кои се вели: „Не ми го одземајте името и идентитетот“.

„Се мачиме да ги оствариме нашите основни човекови права и да се признае на тоа што сме – Македонци. Бугарија не го признава нашето постоење и нѐпрогонува само врз основа на нашето македонско етничко потекло. Ако Република Македонија го смени името, таа ќе го загрози идентитетот на Македонците од целиот свет. Како што е случајот и со антимакедонскиот „Договор за пријателство“, овој чекор само ќе ѝпомогне на Бугарија во остварувањето на нејзината цел да ги избрише Македонците од постоење“ – изјави Ѓорги Христов главен уредник на македонскиот весник во Бугарија „Народна волја“.

„Дури и ако заборавиме на едноставниот факт дека Грција а ниту некој друг нема никакво право да бара промена на името на Р Македонија, “преговорите” јасно покажаа дека она што Грција сака всушност да го промени е македонскиот идентитет. И Грција и Бугарија во лицето на своите највисоки претставници недвосмислено изјавија дека Македонија може да влезе во Европа но не “македонизмот”, поим со кој тие го етикетираат македонскиот идентитет. А за идентитетот и не смее да се преговара“ изјави Иван Сингартијски, Копретседател на ОМО Илинден ПИРИН.

Во текот на последните две децении, Обединетите нации, Стејт Департментот на САД, Европскиот суд за човекови права, Европската комисија против расизам и нетолеранција и Хјуман Рајтс Воч, меѓу останатите, заклучија дека Грција и Бугарија постојано ги прекршуваат правата на Македонците во тие земји и побараа од Грција и Бугарија веднаш да ги признаат своите македонски малцинства. Оваа поддршка се случува зашто Македонците од соседните држави, со помош на ММДЧП, го бранат своето права на постоење и апелираат до меѓународната заедница да ги одбрани нивните најосновни човекови права, во согласност со универзално прифатените и ратификувани конвенции за човекови права.

Стојан Герасимов претседател на Друштвото на репресираните Македонци во Бугарија, кој самиот лежел 5 години затвор заради својата националност повикува: „Македонци во Република Македонија – вие морате да се борите исто како нас. Преќинете ги преговорите за името, а светот во тоа ќе ве поддржи. Бранете се себеси и ќе бидете одбранети. Нашето име е Македонија. Барајте да се почитува и тоа и ќе го добиете

Hardware | Transitions: 0 | Date: 2018-08-03

Нашинците во Грција со векови наназад ги негувале традицијата и обичаите. И кога биле угнетувани, прогонувани, убивани и им било забрането да говорат на својот мајчин јазик, тие со крајни напори успевале да го пренесат македонскиот дух на идните генерации.

Видеото кое следи ја покажува љубовта на Македонците од Егејска Македонија кон народната македонска песна и ора. Младите Македонци во Грција се повеќе ја негуваат македонската музика и македонските народни игри.

Снимката е од Село Биралци, Кајлари.

Погледнете:

Hardware | Transitions: 0 | Date: 2018-08-03

Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk