Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Monday, 2024-04-29, 7:19 AM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили

Тест - Информации [0] Текстови [26]

Sites in section: 26
Shown sites: 21-26
Pages: « 1 2

Александар III Македонски (Велики) е македонски цар од династијата на Аргеади, син на Филип II и на Олимпија, ќерка на молоскиот владетел Неоптолем, кој владеел од 336 до 323 пр.н.е.

Александар бил воспитуван и образован во духот на македонската аристократска традиција, во малото место Миеза, блиску до Бероја.  Негов учител бил славниот филозофот Аристотел.  На македонскиот престол доаѓа по убиството на неговиот татко Филип II, во 336 г. пр.н.е.

Откако ги зацврстил своите позиции на македонскиот трон и ги принудил соседите на покорност ја започнал својата источна кампања. На својот пат кон земјите на изгревот на сонцето, ја покорил моќната Персиска Империја и ги проширил границите на Македонија дури до Авганистан и Индија.

Александар Македонски во историјата ќе остане запаметен како најголем светски војсководец и непобеден воин, творец на новиот свет, на новиот поредок. Римјаните кои ќе тргнат по стапките на Македонците, ќе го наречат „Alexander Magnus“.

Александар III Македонски се родил на 23 јуки 356 година пр.н.е. во Пела. Детството го минал на дворот во Пела. До тринаесетата година, за него се грижел Леонид, роднина на Олимпија. Во 343 година бил испратен во малото место Миеза, каде се школувала младата македонска аристократија. Во селото кое било одалечено околу 40 километри југозападно од Пела и во кое се наоѓал гимназиум каде го вежбале своето тело и ум младите Македонци, работел тогаш 40 годишниот филозов Аристотел. Во Миеза, Александар останал три години, а за тоа време се стекнал со познавање од: поезија, астрономија, геометрија, реторика и др. Покрај својот ум, Александар го вежбал и своето тело натпреварувајќи се во гимнастички вежби, јавање и лов.

Времето поминато со учителот Аристотел, ќе има големо влијание во психофизичкиот развој на Александар. Аристотел ќе ја потикне неговата љубов кон природните науки, историјата и уметноста, а како иден владател и првосвештеник ќе го подготви за општественото уредување на државата, односот кон поданиците и верата, животот и смрта. Покрај учењата на Аристотел, врз развојот на Александар огромно влијание имале неговата мајка Олимпија, татко му Филип и војсководецот Антипатер. Олимпија која била посветена на мистериите на Кабирите на островот Самотрака, кај Александар ќе го развие чуството и фантазијата на мистицизмот, додека Филип и Антипатар ќе го припремат на воените вештини.

Воспитуван во духот на славните јунаци Херакле и Ахил, за кои сметал дека се негови претци, тој никогаш не се одвојувал Илијадата. Во текот на источната кампања, Илијадата ќе му биде вечита инспирација, мотив да ги издржи и најголемите животни премрежиа. Стекнатите спознанија во младоста во Миеза и желбата да се спознаат и разоткриат тогашните светски мистерии, а потикнати од јуначките дела на неговите претци, подоцна ќе предизвикаат воениот поход на исток повеќе да личи на научна експедиција отколку вистинско освојување на светот.

Школувањето траело до 340 година, кога Александар на 16-годишна возраст бил поставен за регент на Пела. Филип му го доверил управувањето на Македонија, додека тој бил во поход против Византион. Следејќи ги духовно битките и победите на Филип, со помош на Антипатар Александар во Пела ги изучувал воените вештини и се припремал за војните кои го очекувале. Првиот воен поход му бил против племето Мајди, кое живеело во горниот тек на реката Стримон. Во знак на својата прва победа, тој го основал градот Александрополис. Со воена слава се стекнува на 18 години, кога учествува во битката кај Хајронеа и заедно со својот татко, во 338 година ги победуваат здружените сили на Хелените.

aleksandar-makedonski (2)

Во 336 година бил убиен најголемиот маж на Европа, македонскиот крал Филип II. По кампањата за ликвидирање на заговорниците, убиецот Павсаниј и двата принца од Линкестида, Арибеј IV и Херомен, како и претендентите за македонскиот престол, а подржан од генералите Перменион и Антипатар, Македонското собрание под оружје во летото го прогласува Александар за владетел на Македонија. Александар имал 20 години кога се качил на македонскиот престол.

Веста дека е убиен Филип, најголемиот непријател на Хелените, ја израдува Атина, а Демостен со потценување го нарекол престолонаследникот Александар маргит (глупчо). Но, радувањето на Атина било со краток век Првата воена акција на Александар била насочена токму кон хеленските полиси кои се обидувале да ја отфрлат македонската власт. Истата година тој организирал поход низ Тесалија и Делфиската амфиктионија, Теба и Атина, до Пелопонез и ги присилува да го почитуваат Коринтскиот договор, според кој тој ја наследува титулата „Хегемон на Хелените“.

Во 335 година Александар тргнал во поход на Тракија, Дарданија, се до Дунав и ги поразол Трибалите и нивните сојузници Гетите. По примањето на нивното поклонство, ги поразил и илирските племиња, па преку Пајонската територија се спуштил во Хелада, каде што повторно избувнувало антимакедонско востание, поттикнато од Демостен. Александар ја сравнил со земја побунетата Теба, а исплашената Атина го прифатила понудениот мировен договор.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Кралот Филип II паднал како жртва на атентатат на неговиот двор, токму на вториот ден од свадбата на неговата ќерка Клеопатра со братот на Олимпијада, Александар Епирски.

Свадбата на Клеопатра била прославена во македонската престолнина Ајга (Еге), со особен сјај и помпезност. Кралот Филип II ги повикал од Хелада своите пријатели и познаници и пријателите на своите пријатели сакајќи да ги прослави сите дотогашни победи. Очигледна била неговата желба да има што поголем број угледни гости и да ја покаже својата благонаклоност спрема Хелените и со соодветни почести да добие докази за нивната преданост.

Гозбата траела цел ден. За следниот ден биле предвидени гимнастички натпревари. Утрото тргнала свечената кочија на кои се носеле статуите на дванаесетте олимписки божества, изработени со богати украсени. Како тринаесетта, била носена и величествена статуа на Филип II на престол.

Кога театарот бил полн со поканетите гости и да покаже пред Хелените дека има моќ наредил на својте телохранители да го следат од подалеку. Во моментот кога свечано влегува во преполнетиот театар, заедно со својот син Александар и додека сите се восхитуваа од неговата моќ. одненадеж со мач во рацете скокна Павсаниј (Паузаниј) и му нанел шеснаесет смртоносни убоди со неговиот меч.

филип 2 - македонски (2)Убиецот бил брзо фатен и убиен до Филиповите телохранители Пердика и Леонат.Така овој весел настан се претворил во трагичен. Така бил убиен човекот кои во своето 24-годишно владеење ја создал најголемата сила што некогаш ја имало во тоа време на Балканскиот Полуостров.

Затоа, со право, Теопомп забележал дека Филип II бил “најголемиот маж што го имала Европа” до тоа време.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Веснаш по доаѓање на престолот Филип се соочил со опасност од напади од сите страни. Од северозапад Илирите, од исток Тракијците, од југ преку море од Атина и на крај од Пајонците кои се бореле за примат во Македонија. Филип бил свестен дека не ќе може да ги издржи синхронизираните напади на македонскиот престол и дека би можел да постигне воена разврска со позитивен ефект. На Филип во тоа време му бил потребен мир се додека не ги изврши потребните реформи во државата и војската. За таа цел со дипломатски методи и со големи парични суми привремено ги смирил Илирите и Пајонците.

Периодот на краткотраен мир, Филип го искористил за креирање на ново унифицирано оружје и за реформи во македонската војска. Вовел постојана платена војска и ја реорганизирал војската при што ја формирал прочуената македонска фаланга и им доделил посебно значење на македонската коњица и инжинериските единици. Пешадијата, коњицата и инжинериските единици ги вооружил со ново оружје како што се: долгото копје – сариса, кратките мечеви со двојно сечиво – ксифос, јајцевидни железни шлемови со орел или сокол на врвот, потоа заштитни надлактици, подколеници, заштитна опрема за коњи и торзиони катапулти за исфрлање на камења, запаливи смеси и стрели.

филип 2 - македонски (1)Покрај опремувањето, Филип ја увежбал војската за употреба на новото вооружување како и за извршување на новите тактичко-кординирани содејствија меѓу пешадијата и коњицата. Бил разработен и посебен систем за сигнализација со знамиња со кој се издавале наредби за време на борбите. За време на вежбите а и подоцна во текот на битките движењето на македоснката фаланга, составена од бригади и чети, во строго определени линии, со кренати сариси нагоре и напред, преставувала страшна глетка која ја смрзнувала крвта на непријателот. Македонскиот изум сарисата, која била дизајнирано прво како осумметарско копје а подоцна скратено на 6,4 метри, во рацете на војниците на македонската фаланга (составена од 16 реда), постанало страшно оружје и симбол на македонската супериорност и непобедивост.

Ослободен од притисокот од север и северозапад, изгледа дека Филип за првпат ја употребил реорганизираната македонска војска против Атињаните кои се истовариле кон крајот на 359 или почетокот на 358 г.п.н.е. кај Метоне. Со тактички потези и кординирана акција на македонската пешадија и коњица тој успева да ги разбие Атињаните кои биле предводени од Аргеј. Заробените хоплити Филип ги ослободува без да бара откуп и со тоа дополнително ги релаксирал односите со Атина.

Победата над Атињаните го подигнал борбениот дух на македонската војска, а Филип по

смрта на кралот на пајонците Агис, во 358 година, навлегува во Пајонија и успеал да ја потчини и стави во вазална положба спрема Македонците. Истата година Филип ја водел една од најважните битки во македонската историја.

Победата против Илирите предводени од Бардил, не само што ги вратила порано окупираните територии и му донела мир на северозападните граници на Македонија, туку ги покажала вистинските вредности на македонската војска.

За да ги зацврсти воспоставените односи со соседите, Филип во наредните 18 месеци по битката со Бардил, склучил три брака. Се оженил со Фила, сестра на властодржецот Дарда од Елимеја, потоа со илирската принцеза Аудата и на крај со молосиската принцеза Олимпија, ќерка на починатиот крал Неоптолем и братучетка на тогашниот молосиски крал Ариб. Елиминирајќи ги опасностите од север и северозапад на Дилип му останале отворените закани од исток и југ, односно односите со Атина. Во 358 година на барање на Лариса да се острани притисокот од фере, Филип кратко време интервенира во Тесалија штитејќи ги виталните интереси на Македонија.

Филип бил живо заинтересиран за повторна контрола на градот Амфипол, кој бил колонија на Атина и имал инзвонредна стратегиска важност котролирајќи ги сите патни правци меѓу Македонија и Тракија. По заземањето Амфипол од страна на Филип, во раната зима во 357 година Атина склучила сојуз со тројца тракиски кралеви, по што и објавува војна на Македонија. Во овие дестина години, поточно од 357 до 346 година војната се одвивала во најголем дел на трако-македонскиот брег.

Во справувањето со заканите од Атина Филип барал сојузници. Во текот 356/5 година, по склучувањето на македонско-халкидскиот сојуз, Филип ја освојува Потидеја и според договорот им ја предал на Халкидјаните. Во моментот на победата Филип добива три добри вести: Неговиот генереал Перменион ја победил коалиционата војска на дарданецот Граб, тракиецот Кетрипор и пајонецот Ликпеј. На олимписките игри победил неговиот коњ и сопругата Олимпија му родила син. Тоа бил Александар III Македонски.

Во меѓувреме Филип бил повикан од населението на градот Кренида (подоцна преименувано во Филипи) да им помогне да се одбранат од нападите на тракискиот крал Керсоблепт. Филип ќе им помогне и истовремено ќе ја присоедини оваа златоносна област. На планината Пангеј, се наоѓале рудниците со злато кои ќе му овозможат на Филип да кова сопствени златни и сребрени монети (филипики и статери), што од друга страна пак ќе му овозможат полесно водење на скапите војни.

По освојувањето на Пидна во 356 г. и на Метона во 353 г.п.н.е., македонската држава излегла на македонско-пиерискиот брег, а со освојувањето на Абдера и Маронеја на реката Места е поставена источната граница на Македонија со Тракија. Во битката за Метона, Филип бил ранет и го изгубил едното око.

По големите воени победи, во 353/2 г. п.н.е. Филип навлегува во Тесалија, го поразил тиранинот Ономарх од Фокида, по што бил избран за доживотен архонт (врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. За да ја ослабни Атина, Филип ја потикнувал борбата меѓу аристократите и демократските сили во Грција, а парично ја подржувал промакедонската партија, која ги подржувала интересите на Македонија. Сепак наместо да навлезе со македонската војска према Атина, тој ја започнал источната кампања. По навлегувањето кон тракискиот Херсон, Филип се разболел и ја прекинал тракиската кампања.

За тоа време Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“, а Олинт склучува сојуз со Атина. Ваквиот пресврт на Олинт, го принудува Филип да отпочне инвазија на Халкидик во 349 г. п.н.е. Демостен ги предава Олинтијците, а македонскиот владетел по освојувањето на Стагира и Олинт во 348 година ги сравнува со земја. Додека Филип ја освојува скоро цела Тракија, Атињаните понудиле мир. По склучување на договор за мир со Атина во 346 г.п.н.е во Тесалија, македонската војска навлегле на северозапад до Јадранското Море, а во 342 г. п.н.е. Филип спровел успешна кампања против Скитите на север.

Во 340 година п.н.е. Филип го освоил Перинт, а во 339 година и Визант со што Македонија ги проширила своите граници до Црното Море. Со освојувањето на Визант се создале предуслови за освојување на Персија. Тоа ги загрозило трговските интереси на Грците, што довело до ново заострување на односите со елинските полиси.

Филип ја продолжува војната со елинските градови-полиси и ја завршува со големата битка кај Хајронеја во 338 година п.н.е.

По оваа голема победа врз здружените тебански и атински сили, Филип II им изградил споменик на храбрите Тебанци. Во 337 г.п.н.е. во Коринт бил потпишан Општиот мир, а Филип бил избран за главен војсководец на Коринтски сојуз. Со овој договор, грчките полиси иако имале автономија биле зависни од македонската држава. Филип како главен војсководец се припремал да ја поведе македонската и војската на Елините против Персиското Царство, но во 336 г. п.н.е бил убиен во престолнината Ајга. Во историјата Филип е забележан како најголем крал во Европа.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Филип II Македонски (359–336 г. пр. н.е.) – македонски крал од династиjата Аргеади, син на кралот Аминта III. На 23-годишна возраст станал крал на македонската држава.. Се стекнал со слава на генијален стратег, храбар војсководец и одличен дипломат. Во бракот со Олимпија се родил синот Александар III Македонски, а од бракот со Филина синот Филип III Аридеј. Како македонски басилевс спроведува воени реформи, создава професионална војска, пешадија (македонска фаланга) и од придружниците и другарите на кралот благородничка коњица (хетајри). Ковал златни и сребрени монети (филипики и статери). Првата битка ја извојувал против илирскиот владетел Бардилис во 358 година п.н.е., а потоа ги освојува хеленските колонии на македонскотракискиот брег. Водел и извојувал повеќе битки со Елините, Траките, Илирите и Пајонците. Во 353 г. п.н.е ја освојува Абдера и Маронеја, со што на реката Места е поставена источната граница на Македонија со Тракија. По големите воени победи, Филип навлегува во Тесалија, го поразува тиранинот Ономарх од Фокида, по што е избран за доживотен архонт (врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. Свесен дека Македонија ги загрозува интереситре на Атина, Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“. Тоа ќе го предизвика македонскиот владател да го нападне елинските колонии на Халкидик, а по освојувањето во 349 година на Олинт, војната со елинските полиси ќе ја продолжи се до битката кај Хајронеја во 338 година п.н.е. По оваа голема победа, Филип II бил избран за главен војсководец на Коринтски сојуз, по што тој се припремал да ја поведе македонската и војската на Елините против Персиското Царство. Но во 336 г. п.н.е бил убиен во престолнината Ајга. Во историјата е забележан како најголем басилевс во Европа.

Филип II Македонски е роден 382 година п.н.е. Неговиот татко, македонскиот крал Аминта III и мајка му Евридика, имале уште два сина и една ќерка, Александар, Пердика и Евринеја. Филип имал уште три полубраќа Архелај, Архидеј и Менелај, родени во вториот брак на кралот Аминта со Гигеја. Неговиот татко, умрел кога Филип имал 12 или 13 години, а неговиот најстар брат тогаш станува крал на Македонија како Александар II.

Македонија во овој период се соочувала со сериозни предизвици во однос на нејзината безбедност и опстанок. Тебанскиот војсководец Пелопида во неколку наврати ќе му нанесе порази на македонскиот крал Александар II и на Птоломеј, а како гаранција дека постигнатите договори ќе бидат почитувани од страна на Македонија си обезбедил заложници. Меѓу нив бил и Филип, кој од 368 до 365 година минал како заложник во Теба.

Тригошниот престој во куќата на Памен и на Епаминонда, најголемите воени команданти во тоа време, ќе му овозможат на Филип да се запознае со војничките вештини. Филип имал можност да ги следи подготовките и вежбите на прославената тебанска пешадија, посебно на прославената „Света чета“. За сето време поминато во заложништво Филип се стекнал со образование по филозофија и други науки кои ги изучувал кај питагорејски филозов, но најмногу престојот во Теба влијаел врз војничкиот развој на Филип кој ја согледува потребата од кординираното дејство на пешадијата и коњицата.

Во меѓувреме, на чело на македонската држава дошол неговиот брат Пердика III кој бил подржуван од Теба, а во 365 г.п.н.е. со неполни 18 години Филип бил вратен во Македонија. По враќањето во Пела, брат му доделил кнежевство на управување. Се смета дека тоа била

Пелагонија, каде Филип раководел и подготвувал дел од македонската војска.

Во 359 година, во битка со Бардил, Пердика III загинал. Настанала вообичаената пресметка за кралскиот престол меѓу претендентите во кралското семејство. Филип вешто ги остранил противниците, егзекутирајки го Архелај и протерувајќи ги Архидеј и Менелај во Олинт. Постои сомнеж дека Филип бил најпрво регент на малиот Аминта IV, синот на Пердика III, и дека дури потоа бил избран за крал. Филип како докажан и храбар борец против Илирите ја имал подршката на македонската војска. Се смета дека соочени со опасноста од нова офанзива на Илирите, во зимата 359 година п.н.е., Собранието на Македонците под оружје, во Пела, го избрале Филип за македонски крал, како Филип II.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Македонското сонце со шеснаесет зраци за прв пат се појавува во времето на Филип II Македонски, кој успејал да ги обедини Македонските племиња во една држава.Тој за тоа од Македонските племиња бил назначен за крал и ја добил титулата „МАКЕДОН – МАКЕДОНСКИ „ – најсветлото нешто за еден македонски владател.

egeasmakedon

Пред ова обeдинување и создавање на Македонското сонце со шеснаесет зраци, Македонското сонце било со осум зраци.

ZM 2
Обeдинетите Македонски племиња што Филип  II Македонски ги обеднил, биле:
  • Адриани,
  • Пердикеанци,
  • Линкестијци,
  • Пеонци,
  • Одрисеанци,
  • Моесианци,
  • Орестијанци,
  • Алмопијанци,
  • Елиметејанци,
  • Халкидијци,
  • Пелагонци,
  • Илири,
  • Мoлoсијанци,
  • Тракијаци,
  • Дардани и
  • Трибалци
Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

Тестаментот е направен од Царот Александар, син на Амон (Бог на Сонцето) и Олимпија.

1. Ако моето дете од жена ми Роксана е машко, тој пред сите други треба да биде цар на Македонија, а во меѓувреме, синот на Филип, Аридеј, да биде лидер на Македонците. Ако детето од мојата жена Роксана, биде женско, дозволете Македонците да видат дека таа е одгледана и омажена на начин што доликува на мене и мојот ранг и дозволете да си избере Цар – човек за кој тие мислат дека е достоинствен за тоа. Човекот така избран треба да биде Цар на Македонија…

2. На мојата мајка Олимпија и го доделувам правото да живее на Родос, место кое таа го пожелува и Царот на Македонија треба секоја година да проверува дали и се дава се што и се давало за време на мојот живот.
Додека Македонците одлучат да наименуваат Цар, Царот Александар, син на Амон и Олимпија, го одредува Кратер за надгледувач на целото Царство на Македонија, и му ја дава за жена Кајнан, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија. Лизимах, го ставам одговорен за Тракија, и за жена му ја доделувам Солунка, ќерката на Филип, поранешниот Цар на Македонија (ПС. – Калл. 3.33.13). Леонид го задолжувам за Хелеспонт и му ја давам раката на сестрата на Холкид, Клеона. Го назначувам Еумен, мојот секретар, за владетел на Кападокија и Пафлагонија.

3. Изјавувам, островите да бидат слободни: да ги задржат нивните претходни посесии и да бидат автономни.

4. Го назначувам Антигон, владател на Памфлија, Луција и Голема Фригија и го ополномоштувам за Карија и Асандер, како и територијата која што лежи под реката наречена Халис; преку оваа земја го назначувам владетел Антипатар. Владетел за Силисија е Никанор, и Питон за Сирија, воедно и за т.н. Месопотамиска Линија. Бабилон и неговите придружни територии ги доделувам под команда на Селеукит, кој е мој воен придружник. За Феникија и Келе-Сирија го ополномоштувам Мелагер. Кралството на Египет го оставам на Птоломеј и им го одобрувам бракот со мојата сестра Клеопатра.

5. За владеење на областите кои лежат помеѓу границите на Бабилон и Бактрија, го назначувам Пердика, на кој му ја поклонувам мојата жена Роксана, Бактриската ќерка на оксиартите. Народот на Родос треба да се награди со 300 таланти злато од царското богатство за разубавување на нивниот град; воедно и 40 тримери и слободна годишна надокнада од 20.000 медимни Египетско жито и 20.000 медимни пченица од регионите од Азија, придодадени на Родос. Исто така, давам команда за преместување на гарнизонот, што јас го оставив таму.

6. Свештениците во Египет да бидат наградени со 2.000 таланти единици злато од јавниот приход, а Птоломеј да се погрижи за транспортот на моето тело до Египет, за кое понатаму најдобро ќе се грижат свештениците од Египет. Саркофагот во кој ќе биде положено моето тело да биде направен во вредност од 200 таланти злато.

7. На Тебјаните од Беотија, да им се доделат 300 таланти за реновирање на нивниот град, а на оние што принудно избегаа од таму како резултат на војната, им го надокнадувам нивниот имот од кој ги лишив. Сметам дека достатно беа казнети со нивната сесрдна опозиција кон мене. На Атињаните да им се додели златен трон за храмот во Минерва и златни службени алишта. Моето лично оружје и одликувања и 1000 таланти единици сребро да се остави во храмот на Хера на Аргос, додека на Аполон во Делфи, сите слоновски оружја и две кожи од змии, а воедно и 100 златни суди садови со кои се чествувале Боговите. На народот Милес и од Книдија да им се доделат по 150 сребрени таланти.

8. Тасе (Таџилес) да биде владетел на оние делови од Индија кои граничат со Индиската река. Перо (Перус) на оние делови помеѓу реката Хидаспес и Хиндус. Го назначувам таткото на мојата жена, Роскана, за владетел на Паропанисада и Сибиртија, да владее со Арахосија и Кедросија. Командата ја предаваме на Стамен (Стасанор) од Соли за да владее со Арија и Арангија.
Филип да владее со Бактријците. Партеја што ја придружува Хиркалија јас ја давам на Фратафернеј, а Карманија на Тлеполем. Пеце (Пеуцестас) треба да владее над Персијанците. Од сите владеења да биде изоставен Оксидат, а Кратер да владее со Медеа. Аргир (Аргеус) да биде отстранет од Сусија, а Коен (Цонеус) да владее наместо него.

9. За владател на Илирите го назначувам Холкија и го наградувам со орден од 500 реквирирани, одземени коњи и 3000 таланти сребреници, кои треба да ги искористи за правање статуи на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип и нив да ги смести во гробницата на Олимпија. На луѓето на кои им доделив високи функции да постават позлатени статуи на Александар во Делфи и Атина. Птоломеј да постави позлатени статуи во Египет на Александар, Амон, Минерва, Херкул, Олимпија и мојот татко Филип.

10. Сведоци на ова да се Олимпискиот Јупитер, нашиот предок Херкул, Минерва, Марс, Амон Сонцето (Амонма) и успехот на Цар Александар. Доколку некој од наброените, постапи спротивно на моите одредби, јас ги преколнувам Јупитер и Олимписките богови, да не остане неказнет за тие недела и да биде одговорен за кривоклетството пред Боговите и луѓето.

Текстови | Transitions: 0 | Date: 2017-03-01

1-20 21-26
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk