Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Wednesday, 2024-05-08, 2:28 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS
Мени
Section categories
Тест - Информации [0] Текстови [26]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 259
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Автомобили » Текстови

Внатрешна Македонско Револуционерна Организација(ВМРО)
2017-03-01, 2:59 AM

Внатрешна Македонско Револуционерна Организација(ВМРО)

ВМРО е револуционерна организација која е основана на 23 октомври 1893 г. (според стариот календар) во Солун. Целта на оваа организација е добивање на автономија за Македонија и  Одринска Тракија преку револуционерна борба. Основачи на ВМРО се шестмина револуционери интелектуалци: Дамјан Груев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Андон Димитров.

vmro_osnovachi

На основачкиот состанок усвоиле програма за дејствување. Бил усвоен Устав на Организацијата (во почетокот на 1894) и се конституирал Централниот комитет со претседател д-р Христо Татарчев и секретар Дамјан Груев. Била изградена мрежа на Организацијата во поголемите центри во Македонија. Особено силен подем бележела по стапувањето во членство и во раководењето на Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански и други македонски револуционери.

Во летото 1894 г. во било одржано Ресенското советување на членовите на ЦК и на делегатите на месните комитети посветено на организациони и на тековни прашања за револуционерно дејствување. Биле формирани три револуционерни окрузи: Солунски, Битолски и Скопски. Организацијата изградила (до есента на 1895) разгранета мрежа во сите делови во Македонија и прогласила сувереност на организационата територија, спречување на дејствувањето на други организирани групи со исти цели во Македонија. Македонските комитети формирани во странство можеле да дејствуваат исклучиво во рамките на МРО.

500px-sloboda_ili_smrt_logo-svg

По формирањето на Македонскиот комитет во Софија (подоцна преименуван во Врховен македонски комитет, 1895), ЦК на МРО веднаш побарал тој комитет да ја сообрази својата активност со потребите на МРО и да работи како помошен комитет. Софискиот комитет продолжил да дејствува како паралелна организација во македонското револуционерно движење. Во почетокот на 1896 г. Делчев пристигнал во Софија во својство на официјален претставник на МРО да работи за спречување на мешањето на бугарските државни фактори во македонското ослободително дело. Претседателот на Софискиот комитет генералот Данаил Николаев бил предупреден дека МРО нема да ги толерира активностите и акциите преземени во Македонија. Грција и Србија го засилиле пропагандното дејствување и се експонирале како непријателски сили кон македонското ослободително дело. Во така неповолно опкружување за поефикасно водење на ослободителната борба, а со оглед на тоа дека и бугарското население во Одринско се наоѓало во иста положба и влегувало во границите на Егзархијата, МРО се определила да го организира и тоа население за извојување автономија на Македонија и на таа област.

tekstot_na_zakletvata_za_priem_na_novi_clenovi_vo_organizacijataНа 5/12. јануари 1896 година се одржал Солунскиот конгрес со учество на првите луѓе на Организацијата: Гоце Делчев, Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, д-р Христо Татарчев, Петар Поп Арсов и др. На конгресот, била усвоена нова политичка стратегија и тактика во дејствувањето. Конгресот усвоил нова управна поделба и територијална организација и промена на организациското името во Тајна македонско – одринска револуционерна организација (ТМОРО). Месните комитети биле ополномоштени да вршат просветување на жените и создавање масовно народно движење. Усвоените промени биле вградени во актите и Уставот и внатрешниот правилник.

sloboda_ili_smrtПо Конгресот започнало забрзано создавање вооружени чети, ударната оружена сила на Организацијата за одбрана на територијалниот интегритет од туѓи вооруж ени чети и групи во Македонија. Бил донесен и посебен Правилник (1900) за четите со кој било регулирано формирањето, раководењето, употребата, како и борбената обука. Нивните припадници – комитите носеле униформирана народна комитска облека и обележје за припадност. Вооружените сили ги раководел Делчев, кој го основал и изградувал Четничкиот институт , со надлежност на врховен инспектор. Организацијата имала тајна пошта и тајна полиција, создала функционални месни органи и тела. На целата територија на Македонија (до почетокот на 1903) Организацијата имала воспоставено ефективна власт на тајна држава во државата или подземна република.

На Солунскиот конгрес од 1903 година било донесеното решение за кревање востание, во отсуство на Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Сандански и други водечки личности на Организацијата. Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ ја потврдил одлуката за кревање востание. Востанието раководено од Главниот востанички штаб почнало на Илинден 1903 и прераснало во македонска сенародна борба за ослободување и за создавање самостојна македонска држава, највисокиот дострел во дејствувањето на Македонската револуционерна организација.

По Илинденското востание силно се манифестирале внатрешните поделби. На Општиот рилски конрес (во почетокот на 1905) само привремено било воспоставено единството на Организацијата. На Конгресот бил отфлен квалификативот тајна од името и Организацијата продолжила да дејствува под името:Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО).

Transitions: 0 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2024
    www.mreza.mk