Forever Macedonia
macedonia.ucoz.com
Wednesday, 2017-12-13, 4:07 PM
Дома | Профил  | Log In Welcome Guest | RSS

Мени
Section categories
Античка Македонија [3]mreza.mk [0]
ЛЕГЕНДИ [12]
Анкета
Оценнка за мојкот сајт
Вкупно одговори: 256
Chat macedonia
Статистика

Total online: 1
Guests: 1
Users: 0
Home » Site Catalog » Историја » Античка Македонија

Филип II Македонски - втор дел
http://filip-ii-makedonski - втор дрл 2016-07-29, 1:36 PM

филип 2 - македонски (1)Покрај опремувањето, Филип ја увежбал војската за употреба на новото вооружување како и за извршување на новите тактичко-кординирани содејствија меѓу пешадијата и коњицата. Бил разработен и посебен систем за сигнализација со знамиња со кој се издавале наредби за време на борбите. За време на вежбите а и подоцна во текот на битките движењето на македоснката фаланга, составена од бригади и чети, во строго определени линии, со кренати сариси нагоре и напред, преставувала страшна глетка која ја смрзнувала крвта на непријателот. Македонскиот изум сарисата, која била дизајнирано прво како осумметарско копје а подоцна скратено на 6,4 метри, во рацете на војниците на македонската фаланга (составена од 16 реда), постанало страшно оружје и симбол на македонската супериорност и непобедивост.

Ослободен од притисокот од север и северозапад, изгледа дека Филип за првпат ја употребил реорганизираната македонска војска против Атињаните кои се истовариле кон крајот на 359 или почетокот на 358 г.п.н.е. кај Метоне. Со тактички потези и кординирана акција на македонската пешадија и коњица тој успева да ги разбие Атињаните кои биле предводени од Аргеј. Заробените хоплити Филип ги ослободува без да бара откуп и со тоа дополнително ги релаксирал односите со Атина.

Победата над Атињаните го подигнал борбениот дух на македонската војска, а Филип по

смрта на кралот на пајонците Агис, во 358 година, навлегува во Пајонија и успеал да ја потчини и стави во вазална положба спрема Македонците. Истата година Филип ја водел една од најважните битки во македонската историја.

Победата против Илирите предводени од Бардил, не само што ги вратила порано окупираните територии и му донела мир на северозападните граници на Македонија, туку ги покажала вистинските вредности на македонската војска.

За да ги зацврсти воспоставените односи со соседите, Филип во наредните 18 месеци по битката со Бардил, склучил три брака. Се оженил со Фила, сестра на властодржецот Дарда од Елимеја, потоа со илирската принцеза Аудата и на крај со молосиската принцеза Олимпија, ќерка на починатиот крал Неоптолем и братучетка на тогашниот молосиски крал Ариб. Елиминирајќи ги опасностите од север и северозапад на Дилип му останале отворените закани од исток и југ, односно односите со Атина. Во 358 година на барање на Лариса да се острани притисокот од фере, Филип кратко време интервенира во Тесалија штитејќи ги виталните интереси на Македонија.

Филип бил живо заинтересиран за повторна контрола на градот Амфипол, кој бил колонија на Атина и имал инзвонредна стратегиска важност котролирајќи ги сите патни правци меѓу Македонија и Тракија. По заземањето Амфипол од страна на Филип, во раната зима во 357 година Атина склучила сојуз со тројца тракиски кралеви, по што и објавува војна на Македонија. Во овие дестина години, поточно од 357 до 346 година војната се одвивала во најголем дел на трако-македонскиот брег.

Во справувањето со заканите од Атина Филип барал сојузници. Во текот 356/5 година, по склучувањето на македонско-халкидскиот сојуз, Филип ја освојува Потидеја и според договорот им ја предал на Халкидјаните. Во моментот на победата Филип добива три добри вести: Неговиот генереал Перменион ја победил коалиционата војска на дарданецот Граб, тракиецот Кетрипор и пајонецот Ликпеј. На олимписките игри победил неговиот коњ и сопругата Олимпија му родила син. Тоа бил Александар III Македонски.

Во меѓувреме Филип бил повикан од населението на градот Кренида (подоцна преименувано во Филипи) да им помогне да се одбранат од нападите на тракискиот крал Керсоблепт. Филип ќе им помогне и истовремено ќе ја присоедини оваа златоносна област. На планината Пангеј, се наоѓале рудниците со злато кои ќе му овозможат на Филип да кова сопствени златни и сребрени монети (филипики и статери), што од друга страна пак ќе му овозможат полесно водење на скапите војни.

По освојувањето на Пидна во 356 г. и на Метона во 353 г.п.н.е., македонската држава излегла на македонско-пиерискиот брег, а со освојувањето на Абдера и Маронеја на реката Места е поставена источната граница на Македонија со Тракија. Во битката за Метона, Филип бил ранет и го изгубил едното око.

По големите воени победи, во 353/2 г. п.н.е. Филип навлегува во Тесалија, го поразил тиранинот Ономарх од Фокида, по што бил избран за доживотен архонт (врховен војсководец) на Тесалскиот сојуз. За да ја ослабни Атина, Филип ја потикнувал борбата меѓу аристократите и демократските сили во Грција, а парично ја подржувал промакедонската партија, која ги подржувала интересите на Македонија. Сепак наместо да навлезе со македонската војска према Атина, тој ја започнал источната кампања. По навлегувањето кон тракискиот Херсон, Филип се разболел и ја прекинал тракиската кампања.

За тоа време Демостен ги повикува Елините на војна против Филип „барбаринот“, а Олинт склучува сојуз со Атина. Ваквиот пресврт на Олинт, го принудува Филип да отпочне инвазија на Халкидик во 349 г. п.н.е. Демостен ги предава Олинтијците, а македонскиот владетел по освојувањето на Стагира и Олинт во 348 година ги сравнува со земја. Додека Филип ја освојува скоро цела Тракија, Атињаните понудиле мир. По склучување на договор за мир со Атина во 346 г.п.н.е во Тесалија, македонската војска навлегле на северозапад до Јадранското Море, а во 342 г. п.н.е. Филип спровел успешна кампања против Скитите на север.

Во 340 година п.н.е. Филип го освоил Перинт, а во 339 година и Визант со што Македонија ги проширила своите граници до Црното Море. Со освојувањето на Визант се создале предуслови за освојување на Персија. Тоа ги загрозило трговските интереси на Грците, што довело до ново заострување на односите со елинските полиси.

Филип ја продолжува војната со елинските градови-полиси и ја завршува со големата битка кај Хајронеја во 338 година п.н.е.

По оваа голема победа врз здружените тебански и атински сили, Филип II им изградил споменик на храбрите Тебанци. Во 337 г.п.н.е. во Коринт бил потпишан Општиот мир, а Филип бил избран за главен војсководец на Коринтски сојуз. Со овој договор, грчките полиси иако имале автономија биле зависни од македонската држава. Филип како главен војсководец се припремал да ја поведе македонската и војската на Елините против Персиското Царство, но во 336 г. п.н.е бил убиен во престолнината Ајга. Во историјата Филип е забележан како најголем крал во Европа.

Transitions: 9 | Added by: cipusev | Rating: 0.0/0
Логирај се
Кредит
Your shopping cart is empty
Пребарубач
Пријатели
  • uCoz Community
  • uCoz Manual
  • Video Tutorials
  • Official Template Store
  • Best uCoz Websites
  • mreza.mk
  • kurir.mk
  • sitel.mk
  • republika.mk
  • skopjeairporttaxi.com.mk

  • Мрежа - Медиа © 2002 - 2017
    www.mreza.mk